Исени: Скептичен сум дека реформите ќе се случат во Јавниот сервис и откако ќе се избере новото раководство – партиите мора да седат на страна од МРТВ

You must need to login..!

Опис

Законската одредба која предвидува дека 80 пратеници треба да гласаат за новиот состав на Советот во МРТВ е причината поради која се одлговлекува овој процес, но мислам дека и намерно истиот се одолговлекува. Сепак главниот проблем на Јавниот сервис останува да биде политизацијата на истиот и на програмскиот Совет. Знаеме дека членовите на сегашниот Совет се бивши пратеници, партиски или високи членови на политичките партии. Вториот проблем остануваат финансиите или транспарентноста на финасиит во јавниот сервис, изјави за Утрински брифинг Џенур Исени, уредник на „Коха“ .

Споре информациите од извештаите во последните 4 години, Јавниот сервис работи со минус 12 милиони евра, значи државата не ја исполнува законската обврса од 1% од државниот буџет да се пренесе во Јавниот сервис. За оваа година, иако државата беше должна да одвои еден процент, државата одводи само 15 милиони евра. Се чини дека ова е некаков вид на одмазда на Владата кон сегашното раководство на Јавниот сервис кое е именувано од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, вели Исени.

Политичките партии треба да знаат дека Јавниот сервис е на граѓаните. Јавниот сервис не може нив да им покачи или намали рејтинг. Не може само кај нас да се случува двајца лидери да се договорат кој ќе биде директор, заменик директор и ччленови на програмскиот совет на Јавниот сервис. Јас сум скептичен дека најавените реформи ќе се случат во Јавниот сервис и откако ќе се изберат новите членови.

Постои недостаток во транспарентноста на трошењето на буџетските средства во Јавниот сервис. Имаме информации дека а една епизода се плаќаат 26.000 евра, додека само за програмата за новогодишната ноќ, Јавниот сервис платил 90.000 евра. Не сакам да потенцирам имиња, но МРТВ емитува и серија интервјуа, каде што само за една епизода на тој новинар му се плаќа 3.800 евра, додека за иститата се користат ресурсите на Јавниот сервис – камера, студија… Една стара епизода од серијата „Френдс“ била платена до 750 евра, додека кај Јавниот сервис во Албанија за една таква епизода се трошеа 250 евра. Сето ова покажува дека финансиското управување во Јавниот сервис има многу недостатоци, Програмскиот Совет и раководството на МРТВ молчеа на обвинувањата на СДСМ и Владата против Јавниот сервис, додаде Исени.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 5 =