Исени: Предизвик е енергетската криза, паралелно на тоа и одливот на работната сила

You must need to login..!

Опис

-Како Комора се навикнавме последниве години, првично со здравствената, а сега со енергетската и инфлаторната криза да бидеме во постојано движење, па дури и ова ни е карактеристика како Комора – постојано движење. Нашата цел од почеток на пандемијата па и сега, затоа што сметаме дека ефектите од пандемијата се чувствуваат уште во економијата, сакавме да го информираме нашето членство околу она што е предизвик, можност, што може да се искористи од оваа криза, бидејќи сметам дека во секоја криза постои и прилика.

-Идејата беше ние да бидеме канал на комуникација или посредувач на тоа што е бизнис заедницата и тоа да се пренесе во Влада и од друга страна се она што се носеше од страна на Владата да се пренесе кај членките во вистинско време, изјави за Утрински брифинг Дриљон Исени, директор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.

-Уште сме во фаза на закрепнуување и секако тоа рефлексираше во ликвидноста на компаниите, бидејќи истите треба да работат со загуба, одреден дел од 2021 беа затворени, така што, ќе повторам, ликвидноста беше најголем проблем, вели Исени и додава дека е успеано работните места да бидат зачувани.

-Понекогаш тоа го правевме и со користење на владините мерки. Сега најголем предизвик е енергетската криза, паралелно на тоа и одливот на работната сила, затоа што се отвораат економиите во Европа, тоа е директен ризик за нашите вработени бидејќи таму одат да работат во подобри услови.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

7 − 6 =