ИРЛ со проект преку кој ќе се истражува корупцијата во Македонија

You must need to login..!

Опис

ИРЛ почнува нов проект наречен Мобилни Редакции. Од село во село, од град во град, регион по регион ќе ја поминат цела Македонија. 

Истражувачките новинари на ИРЛ заедно со тим на млади продуценти кои досега немале шанса да работат во македонските телевизии ќе патува низ повеќе региони во земјава, почнувајќи од Североисточниот регион, Полошкиот и Југоисточниот кои се планирани да се минат оваа пролет.

Нашата канцеларија моментално е во Крива Паланка, но ние го покриваме целиот североисток. Нашите истражувања се фокусирани на Кратово,К. Паланка, Ранковце и околните села. Ова е прв регион кој го одбравме да ги запознаеме луѓето, бидејќи ова е најсиромашниот регион и регион со најмногу иселени луѓе. Последното дете во К. Паланка е родено од 10 години. Во Паланка нема болница и луѓето мора да се породуваат во Скопје или Куманово. Ирл не е овде да истражува само локална корупција туку и да посочи, скенира, како корупцијата влијае на квалитетот на животот. Паланка конкретно и овие места се наоѓаат на тромеѓе помеѓу Српската и Бугарската граница, ги имаат сите услови за жив и динамичен регион но, не се. Затоа сме и ние тука да откриеме зошто е тоа така, вели Сашка Цвековска од ИРЛ.

За оваа пролет ќе покриеме 3 региони, ќе ги објавиме работите кои ги правиме овде, потоа одиме во полошкиот регион, во Тетово. Таму е најниска довербата и во институциите и во партиите, сакаме да видиме што е направено за овие луѓе долги години по децентрализацијата. Третата станица за оваа пролет  ни е југоисточниот регион, тука ќе ги опфатиме и Кавадарци, Неготино, Гевгелија, а ќе бидеме стационирани во Струмица, рече Сашка.

Ќе го употребиме нашето знаење, вештини и млад ентузијастичен тим за да истражуваме локална корупција и ефекти од корупција“, изјави во Утрински брифинг главниот и одговорен уредник на ИРЛ Сашка Цветковска.

„Во изминатите три години пишувавме и истражуваме шверц на муниција во балканските држави, перење пари за белосветски криминалци, терористи и високи државници, кражба на природните ресурси и државниот имот, непотизам и партиски злоупотреби на медиумите, шпионажа и дигитални злосторства против демократиите. Нашите и ваши непријатели се високо корумпирани и добро поврзани“, вели Цветковска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × one =