Интервју со д-р Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

You must need to login..!

Опис

Одлично се вклопив во Виена. овие два – три месеци сум презадоволен од работата овде. Самата содржина на работата многу ми одговора, затоа што се прават економски истражувања кои се и теоретски, но и доста застапена е и економската политка, што за мене претставува идеален спој. Значи не само чиста теорија што ги интересира еконо мистите туку баш применета економска наука , која е многу значајна за животоt на обичните луѓе. Ми одговора што и гфокусот е на источна Европа, односно оној регион кој што јас како економист секогаш сум го покривал и сум имал афинитети. Колегите се одлични, атмосферата во Инситутот е како на друга планета. Јас сум работел во Македонија во неколку институции кои биле истражувачки и релативно добри, но не може да спореди со Виена. Ова е друга култура, како друга планета. Нема никакви конфликти, нема лоша коминикација помеѓу луѓето, се работи исклучиво конструктивно, се работи тимски.

Во врска како се организиравме со короната, кога се воведе првиот lockdown, се даде препорака сите што можат да работат од дома да го прават тоа, односно да не доаѓаат на работа и 95% од луѓето остануваат дома. Јас во изминативе 2 месеци откако се затвори економијата сум бил неколку пати физички во канцеларија, обично од дома работам. Постојано имаме состаноци преку разни платформи, таму договораме апликации за проекти или дискутираме за истражувањата. Интересно е што во Виена, како и на нашиот Институт, има 14 плати. Во Македонија има 13-та плата, К-15, во Виена има 14 плати, два пати годишно се исплаќа таков бонус. Кај нас за Нова година, Божиќ, фирмата исплати дополнителен бонус од 200 евра, вели проф. д-р Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

Тука воопшто не се збори дали економијата ќе падне или колку ќе падне. Се разбира дека оваа година ќе има пад кој можеби ќе биде 7-8-9 проценти, но не е толку важно, никој не ни зборува за тоа. Тука многу повеќе се зборува како да се заштити здравјето на луѓето и тоа постојано се истакнува. Кога го воведоа првиот lockdown, кога рекоа дека ќе се затвораат рестораните, продавниците, никој не се побуни овде, фирмите, бизнисмените не се побунија. Дури беше интересно што најголемата Комора во Австрија, самата излезе и кажа – бараме да се затворат фирмите, бараме државата да воведе lockdown, затоа што тоа ни одговара и на нас. Треба да се заштити здравјето на луѓето, тоа е добро и за нас како фирми, затоа што ако имаме широка пандемија и луѓе умираат тоа не е добро ни за нас, ни за економијата. Австрија ќе биде една од попогодените економии во Европа, затоа што воведуваат релитвно строги затворања, а и нивната економија во голема мера зависи и од туризмот, пособено зимскиот кој беше погоден оваа година, а ќе биде и 2021 година. Се очекува да го достигне предкризното ниво во 2023, но воопшто никој не ни збори за ова, вели Јовановиќ.

Во Македонија се очекува да се достигне предкризното ниво во 2022, значи побргу во Австрија, Србија во 2021, но Австрија 2023, но никој не збори дека тоа е нешто страшно. Ова се проекции на ММФ и на база на тие проекции се овие проценки. Но и нашиот Институт прави проекции и генерално сите институции кои вршат проекции го покажуваат тоа – Македонија во 2022 ќе го достигне предкризното ниво. Ова се проекции на сите светски институти, рече Јовановиќ.

Третиот квартал во цела Европа, вклучувајќи ја и Македонија, беше подобар од вториот, но и во третиот имаше пад. Во Македонија БДП падна околу 3.3% што и не е нешто позитивно. Во четвртиот квартал падот ќе биде поголем од 3%, веројатно околу 6%, што значи дека за цела 2020 година БДП ќе падне помеѓу 5 и 6 проценти. Нашиот Институт прокетира пад за цела годинаод 6% и ние сме едни од построгите. Другите Институти прогнозираат помал пад, но тој нема да биде помал од 5%. Интересно е што има неколку европски земји ќе го достигнат нивото од пред кризата. Тука се Норвешка, Естонија, Ирска и Србија. Србија е една од подобрите европски земји во овој поглед, најдобрата во регионоит. Зошто? Србија имаше многу експанзивна фискална политика во оваа година. Конкретно со бројки – во вториот квартал кога беше најголемиот удар на кризата, српската Влада потроши, како процент од БДП, беше скоро 60%. Тоа е огромно трошење од страна на Владата. За споредба Македонија во вториот квартал потроши околу 45% од БДП, значи многу помалку. И токму заради тоа економскиот пад ќе биде многу повисок. Главната поента е дека во услови на кризи Владдата мора да троши, за да ја спаси економијата и тоа особено се потврди во оваа криза и една од лекциите кои треба да ги извлечеме за во 2021 година. Односно ако сакаме да се опорави економијата Владата мора да троши многу повеќе. И тука се поставуваат две прашања – од каде ќе ги најдете тие пари за трошење, второто прашање е како да ги трошите, односно на што да ги трошите тие пари. Она што беше негативно во Македонија во 2020 година беше што квалитетот на трошење не беше баш највисок. Сега правиме една студија која што се надевам ќе излезе наскоро, покажува дека за време на кризата во вториот квартал во 2020-та нееднаквоста во Македонија, Џини коефициентот се зголемил за 3 процентни поени. Главната причина зошто многу се зголеми нееднаквоста во Македонија е затоа што поддршката на Владата, онаа за исплата на плати, не беше добро дизајнирана.

Најголема поддршка по вработен човек добија фирми кои имаат високи профити. Фирми кои во 2019 година имаа профити над 30% од нивните приходи, што е исклучително висока профитабилност, тие добија најголема поддршкапо еден вработен. Значи наместо државата да им дава поддршка на малите фирми кои вработуиваат повќе луѓе со пониски плати, државата им даваше пари на голмеите фирми. Сите добро ги знаме, излегоа имињата на фирмите што добија поддршка, беа кладилници, приватни болници, фирми на државни функционери, но поентата е дека помошта беше лошо дизајнирана и лекцијата за 2021 година е дека државата треба да дава поддршка на подобар начин – да не има дава на оние кои што можат самио да се справат со кризата, туку на оние кои не можат сами да го сторат тоа, смета Јовановиќ.

Каматата на задолжувањето веќе порасна. Камата што ја плативме во 2020 на еврообврзницата беше околу 3.9%, што е скоро двојно повеќе од онаа што беше претходната година, така што каматата на нашето задолжување веќе порасна и се разбира дека ќе расте и во наредната година. И нема да можете вие до крај бесконечно да се задолжувате во странство за да ги сервисирате обврските. Ќе дојде време кога ќе мора да обезбедите пари дома за да ги платите обврските. како ќе се обезбедат е второт крупно прашање. И тука повторно ќе го кажам она што јас стално го кажувам – ќе мора да се воведе прогресивен данок. Она што го видовме во оваа криза е дека некои држави го прават тоа. Русија која беше најголемата држава со рамен данок, 20 години, од 2021 го укинува рамниот и воведува прогресивен данок. Велика Британија која сите знаеме дека е една од најјаките економски сили во светот размислува за зголемување на своите даноци, дури се зборува за воведување на еднократен данок на богатство. Практично да земат пари еднократно од најбогатите луѓе. Аргентина оваа година воведе данок на богатство, односно ќе им земе пари на најбогатите луѓе. Така што ќе мора Македонија да го врати прогресивниот данок многу скоро. Тука доаѓаме до прашањето каков треба да биде тој прогресивен данок? Треба да биде подобар од оној што ние го воведовме, односно треба даима повеќе ставки, да се оданочат повеќе богатите и не само данок на луѓето, туку и данок на големите фирми, односно на профитабилните фирми, како што се прави тоа и во Британија, истакна Јовановиќ.

Разговорот со проф. д-р Бранимир Јовановиќ погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 1 =