Инсулин нема – пациентите купуваат лажни опасни лекови против дијабет

You must need to login..!

Опис

Според информации од Интернационалната дијабетес федерација во Македонија скоро 13 проценти од популацијата боледува од дијабетес, што ја прави најголема група на хронично болни водржавата, рече денеска во Утрински брифинг Наташа Деспотовска Димитриевска, претседател на Асоцијацијата за детски дијабетес и мајка на дете со дијабет.

-За жал ние немаме официјален регистар на лица со дијабетес меѓутоа некаде помеѓу 120 и 140 000 лица живеат со дијабетес од кои што 42.000 лица се на редовна инсулинска терапија, која што периодов не може да се најде во инсулинските аптеки во Македонија. Веќе неколку месеци се соочуваме со недостаток на инсулин, односно повремено во инсулинските аптеки нема терапија за лицата со Дијабет 1 и Дијабет 2. Терапијата кај овие лица е задолжителна и не смее да се прекине, тие за да можат да јадат, мораат да примат инсулин, потсетува Димитриевска. 

Лицата со Дијабет спаѓаат во категоријата ризични граѓани кога е во прашање коронавирусот, сепак, но сепак се принудени повеќе пати да одат во инсулинските аптеки поради што се соочуваат со опасност од зараза. Терапијата ја обезбедуваат благодарение на големата солидарност која што постои помеѓу дијабетичарите, така што буквално никој не останал без инсулин, и покрај тоа што цел месец лекот никаде не може да се најде. -Си помагаме едни на други, но недозволиво е дома да останеме без резерви. Информирани сме дека јавната набавка на инсулин за наредните две години се подготвува во моментов.Од една страна ни велат дека проблемот е во дистрибуцијата, од друга страна ни велат дека поради новата јавна набавка се трошат количините од минатата набавка.

Се прашувам како може никој да не ги испланирал прецизно количините потребни на две години, а со тоа животот на сите дијабетичари да го стави на ризик, вели претседателката на Асоцијацијата на детски дијабетес. По информацијата дека 27 годишник од Прилеп е спасен од сигурна смрт поради употреба на непроверен лек против дијабетес, таа вели дека повеќе пати апелирале до надлежните да го проверат начинот на увоз и продажба на лекот. -Лекот Шогарнорм се продава со социјални мрежи, со него се прави неверојатен бизнис. Но, тоа не е лек, туку обичен маркетиншки трик, што за малку ќе беше фатален за еден млад живот.

Апелирам до сите дијабетичари да не наседнуваат на вакви маркетиншки трикови и да не ја заменуваат инсулинската терапија што ја одредил ендокринологот за вакви непроверени лекови. Апелиравме и до МВР и до Агенцијата за лекови, за да се провери овој лек. Овој лек не е регистриран кај нас, меѓутоа неговата продажба не престанува, објаснува Димитриевска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − 11 =