Институциите и Владата да го земат училиштето во Подвис како приоритет – се распаѓа споменикот и стожерот на македонската култура

You must need to login..!

Опис

Аплеираме до институциите, владата, да го земат како приоритет училиштето во Подвис – кичевско, бидејќи се работи за едно исклучително културно, историско, природно, јазично наследство што е и тоа како денеска важно. Додека бев директор на „Гое Делчев“ од Скопје добивме поддршка од страна на оштините и градоначалниците кои искажаа интерес да ни помогнат, во смисла на првична морална поддршка. Добивме поддршка од Институтот за македонски јазик. Со оваа инцијатива сметаме и сакаме да покажеме дека имаме должност како професори, учители, наставници да зборуваме за почетокот на образованието, затоа што тука се почетоците, изјави во Утрински брифиг професорката Наде Молеровиќ, едукатор и мотивациски говорник.

Ако сакаме и се повикуваме на историјата и корените тогаш зошто дзоволиме корените да ги затрупаме и да го исушиме дрвото на иднината. Ако не се потсетуваме на оваа традиција на животот нема да стигнеме далеку. Имам впечаток дека навистина до сега, 70 години ништо се нема направено во ова училиште, и го имам како аманет од татко ми да се кажува историската вистина и сме должни да ја пренесуваме на нашите деца, вели Молеровиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen + 15 =