Инспекторат за труд: По исплатата на јануарската плата ќе знаеме дали се почитувал законот за исплата на дневница за работа во недела

You must need to login..!

Опис

Во првата неработна недела од годинава, на втори јануари извршени биле 38 надзори од страна на трудовите инспектори при што биле констатирани девет неправилности. На деветти јануари извршени се 48 надзори во кои се констатирани шест неправилности. Изречени се 15 инспекциски мерки од кои една е забрана за работа, поради утврдување дека работодавачот немал право да работи во ден недела а дополнително кај него е затекнат и непријавен работник, рече денеска во Утрински брифинг инспекторот за труд Љуљзим Фаризи.

  • Државниот инспекторат за труд редовно извршува инспекциски надзори на ниво на државата и градот. Со измените и дополнувањето на Законот за работни односи со кој се предвидува недела да биде неработен ден, Државниот инспекторат за труд воведе и дежурства. Многу е лесно да се изврши инспекциски надзор бидејќи само ќе констатираме дали работодавачот има или нема право да работи во недела. Државниот инспекторат за труд врз основа на законот за работни односи спроведува два вида на инспекциски мерки. Според член 258 од Законот за работни односи се изрекува опомена или наредба. Доколку не ја почитува наредбата односно опомената, се изрекува глоба. По членот 259 од Законот за работни односи, на прекршителот може да му се изрече и забрана за работа ако два пати за една година се затекне непријавен работник. Од друга страна ако се затекне работен процес без да биде пријавено дека ќе се работи во недела, ќе се изрече забрана за работа од 15, односно 30 дена, вели Фаризи.

Државниот инспекторат за труд ќе има дополнително работа после 15 февруари, до кога треба да се исплати јануарската плата.

  • По исплатата на јануарската плата инспекторите за труд ќе имаат обврска да проверат дали работодавачите кои пријавиле до Инспекторатот за труд, дека извршуваат дејност чиј процес на работа не може да престане во недела, им дале неделна дневница на работниците, која изнесува дополнителни 50 проценти, додека за трговските дејности сто проценти поголема дневница. Нема да има можност за манипулација бидејќи пред да се запчне со работа во недела како ден, работодавачот е должен да го извести Државниот инспекторат за труд во кој се наведени имињата на работниците и позицијата на која работат. Со тоа инспекторот ќе го калкулира работното време на работниците и лесно ќе направи проценка дали на работниците им е исплатена поголема плата или не, објаснува Фаризи.

На ниво на државата има 30 подрачни единици каде се распределени инспектори, но по потреба се прават акции од еден во друг град, при што инспекторите си помагаат меѓусебно.

  • Инспекторите извршуваат надзор по основ на план, но се повеќе се постапува по претставки од граѓаните. Пријавите можат да се направат лично Државниот инспекторат за труд, во единиците низ државата или во централната канцеларија во Скопје, по пат на писмено известување дека работодавачот ги крши нивните права, или преку веб страната на Државниот инспекторат за труд. Пријавата може да биде анонимна или не, по избор на пријавувачот, додава инспектор Љуљзим, но нагласува дека голем е бројот на лажни пријави, токму поради можноста да се пријавува анонимно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

twelve + six =