Самакоски: Економскиот развој да се базира на нови технологии и користење креативни кадри

You must need to login..!

Опис

Со „Винча“ ние веќе две години разговараме за еден проблем што денеска е скоро хит во истражувањата во светот, а тоа е складирањето на водород. Иднината во светот е зелениот водород, но останува клучен проблем како да се складира, како да направите батерија која во себе ќе има водород, а после тој го користите во овие процеси, изјави во Утрински брифинг проф. Благоја Самакоски, сопственик на „Микросам“.

Водородот го добиваме со електролиза. идејата е таа електролиза да не кориситите од моменталната ел. енергија која е скапа, туку да ги користите сончевите ќелии за таа струја. Македонија има потенцијал за таа енергија, не д аоди во топлотна или електрична туку да оди во производство на водород. Треба да се најде начин што поголем капацитет во таа батерија. На таа работа работеше и Елон Маск. Ние работиме на наши машини. Се развиваат резервоари за најголемите компании во светот. Тие искуства со „Винча“ и нивните истражувачки капацитети да ги споиме и да дојдеме до батеријата за водород, вели Самаковски.

Работевме за НАСА еден програм за производство на делови од композити во вселената. Пред три години беше тоа. Го реализиравме и беше прв пат во светото да се направи тродимензиомнално печатење на композитни материјали од карбонски влакна. НАСА обајви дека е прв пат во светот направено тоа и дека е направено во „Микросам“. После тоа потпретседателот на „Ер Бас“ со цела делегација дојдоа во „Микросам“ и отпочнавме соработка, вели Самаковски и додава дека концептот работен со НАСА во октомври ќе биде инсталиран во најголемиот истражувачки центар во САД за воздухлопловство.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − nine =