Импичментот може да му наштети и на Трамп и на кандидатот на демократите за претседателските избори

You must need to login..!

Опис

Во американскиот Сенат трае судскиот процес за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп со претставување на аргумените на обвинителите и бранителите. Демократите продолжуваат да ги изнесуваат аргумените и денеска, а настапот на адвокатите на Трамп ќе започе утре и најверојатно ќе продолжи следната недела. За и околу најновите случувања околу импичментот во „Утрински брифинг“ телефонско јавување имаше на дописникот од МИА, Борис Камчев.

Демократите од Претставничкиот дом синоќа во Сенатот настапија со серија обвинувања адресирани до американскиот претседател Доналд Трамп за „повеќекратна и груба” злоупотреба на претседателската власт.

„Квид про кво” (услуга за услуга) и „корупција”, „предавство” и злоупотреба на власта во најчиста форма”, „лаги и измами” во негова „лична политичка корист” за „реизбор” со „преиначување на резултатот од изборите во 2020 година”, беа некои од квалификациите што демократските обвинители ги кажаа вчера за Трамп, во нивните повеќечасовни настапи на судот за импичмент, пренесено во живо на националните телевизии.

Според нив, овие акции уставно можат да се окарактеризираат како „посебно тешки злосторства и прекршоци”, за кои тој треба да биде разрешен од функција.

-Конгресменот Џеролд Надлер, еден од менеџерите (обвинителите) на импичментот, во својот настап пред сенаторите изјави дека обидите на Трамп да го натера Киев да започне истрага за Бајденови „ги олицетворуваат најстрашните грижи на татковците основоположници (на САД). Додаде дека сите 44 претходни претседатели „би биле шокирани длабоко во својата душа”, со акциите на 45. претседател на САД- коментира Андоновиќ.

Демократите продолжуваат да ги изнесуваат своите аргументи и денеска. Настапот на адвокатите на Трамп ќе започне во утре, сабота, и најверојатно продолжува идната недела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 2 =