Имаат ли крипто-валутите реална вредност на пазарот?

You must need to login..!

Опис

Кога ќе прекине фамата со купување на биткоинот, ќе почне и падот на неговата вредност, вели професор Мартин Михајлов, од Економскиот факултет во Скопје.

Објаснувајќи ја крипто-валутата во Утрински брифинг, Михајлов вели постојат повеќе крипто-валути, а поголем дел од нив се значително безвредни за разлика од биткоинот кој има вредност.

„Луѓето помислуваат веднаш на пари, но повеќе може да се поистовети со златото. Употребливоста е ограничена, но луѓето увиделе дека има вредност. Во моментов многу луѓе веруваат дека биткоинот има вредност и затоа го купуваат. Кога ќе прекине фамата на купување, ќе почне и падот на вредноста на биткоинот“, вели тој.

Правејќи паралела да се објаснат крипто-валутите, тој вели може да се направи споредба со реалните валути и дополнува дека, ако државата има глобална позиционираност со солидна економија, валутата вреди, ако не, таа не вреди.

„Крипто-пазарот е многу експлозивен затоа што нема регулација и самите луѓе одлучуваат што функционира а што не, така е и со крипто-берзите. Кога ќе инвестира некој денес, кога работите одат во подем, помали се шансите да се заработи, најлесно се заработува кога работите одат надолу“, потенцира професорот.

Михајлов вели крипто-валутата и понатаму е во широк фронт во кој се прават многу експерименти и далеку е од стабилизација.

„На две полиња се одвиваат работите, едните се децентрализирани финансии, обид да се отиде чекор понатаму, не само да се понуди крипто-средство туку и финансиски услуги базирани на тоа крипто-средство. Втората линија се дигитални валути на централните банки, односно самите банки имаат увидено дека дигиталните средства се нешто што мора да се случи и тие инвестираат да направат дигитални пари. Тоа нема да дојде скоро, но во годините што следат тие пари ќе се појават“, објаснува професорот Мартин Михајлов во Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × two =