Илијевски: Потребна е влада на национално единство

You must need to login..!

Опис

Горан Илијевски, претседател на Партијата на Македонците во Србија во гостувањето на Утрински брифинг ја коментираше најавата на премиерот Зоран Заев за оставката од премиерската и лидерската функција во СДСМ.

-Ние едноставно не се согласуваме некој кој се борел кој е храбар, храбар и во овој пораз да поднесе оставка. Значи не ја поддржуваме како оставка и мислиме дека сепак има уште многу да се зборува, да работи на таа тема, вели Илијевски.

Инаку, Партијата на Македонците во Србија е во коалиција со опозициската Демократска партија во Србија, а во Македонија добро соработува во владејачката СДСМ.

-Како партија на левиот центар, наш партнер во Македонија е СДСМ и едноставно со нив имаме најдобра комуникација. Пробавме да оствариме комуникација и со ВМРО-ДПМНЕ кога ја основавме партијата, наидовме на затворена врата, дури и наредија на амбасадата никој да не ни оддаде почит со присуство на нашето основачко собрание, што е еден нонсенс, вид на срамота на амбасадата никој да не се појави на основачкото собрание на најголемата организација на Македонците во регионот, вели Илијевски во гостувањето на Утрински Брифинг.

На прашањето дали дијаспората се користи како политички инструмент кога е тоа потребно, и каква е сликата за македонската дијаспора со оглед на тоа што еден дел ја поддржува оставката на Заев, а другиот не, Илијевски одговара:

-Сликата од Македонија е пресликана и во дијаспората. Несогласувањата на двата најголеми македонски блока се рефлектира и на дијспората. Ние инсистиравме да се направи еден Совет на дијаспора, да се повратат врските со матицата што е неопходно. Дијаспората не може сама да егзистира ако нема поддршка од матицата. Тоа впрочем е и во уставот дефинирано како грижа за дијаспората. Не наидовме во последно време на разбирање. Укинат ни е ресорот Министер за дијаспора. Немаме соработка со Агенција за иселеништво е партиски плен на помали коалициони партнери што е исто така еден преседан. Не може национално малцинство да води грижа за македонска дијаспора. Ние во Македонија многу повеќе се грижиме за сите други национални малцинства во Македонија освен за нашето малцинство во регионот, да не зборувам во целиот свет, рече Илијевски.

-Ние во Србија сами успеавме да се регистрираме зошто позитивното законодавство во Србија тоа ни го овозможува. Можеме да организираме и здруженија и партиски да се организирани, претставуваме сериозен политички субјект, кој на наредните избори, ако излезе опозицијата, најверојатно ќе имаме и сигурно место во парламентот во Србија, вели Илијевски за политичките прилика во Србија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × five =