Илијевски: Македонија подаде рака на пријателство – гест кој е прифатен во регионот и Европа

You must need to login..!

Опис

Туристите од Србија во Северна Македонија ќе бидат ослободени од плаќање патарина од 15 јуни до 15 август, одлучи владата во Скопје.

Според изјавата, Министерството за финансии е надлежно за префрлање на 172 милиони денари на сметката на владата за набавка на 200.000 „М-смарт картички“ за бесплатни патарини за возила на српски туристи кои ќе транзитираат „Коридор 10“ во текот на летото .

Тие електронски картички на возила на српски туристи ќе се добиваат на граничниот премин „Табановце“ при влез во Северна Македонија, а Министерството за внатрешни работи е задолжено за нивната дистрибуција.

Премиерот и министрите во владата на Северна Македонија претходно најавија дека ќе се донесе одлука за ослободување на српските туристи од плаќање патарини од 15 јуни до 15 август, во знак на благодарност за вакцинините против ковид-19 што Белград му ги даде на Скопје.

Јавното претпријатие за државни патишта треба да обезбеди сукцесивно доставување картички за бесплатни патарини на српските туристи, а по завршувањето на тој проект, а во случај да останат некои средства, да ги врати во државниот буџет.

Претседателот на Партијата на Македонците во Србија Горан Илијевски за Утрински брифинг изјави дека мерката на Владата е одлична и е позитивно прифатена од целиот народ во Србија, како пријателски гест.

Ова е одлична надворешна политика на македонската влада, која на страна популистичката политика на Вучиќ, со ваков гест директно се заблагодаруваме на српскиот народ.

Кога е здравството во прашање тука нема цена. Исто е и со пријателството. Беше тежок момент за Македонија, КОВАКС ситемот пропадна. Во тој момент Србија имаше вакцини и од исток и од запад. Инсистиравме како партија да се активира мини шенген, за заедничка набавка на вакцини, Вучиќ немаше разбирање, а можевме заедно да се појавиме на пазарот, да набавиме вакцини за целиот регион, вели Илијевски.

Србија лажно прикажуваше број на починати од корона, што е наиде на голема критика. Се додје до документи каде што бројакта се покажува дека се повеќекратни. Македонија во добро време почна да се вакцинира, не касниме многу. Во Франција се уште одредени старосни групи не се вакцинирани. Македонското МЗ одлично реагираше на пандемијата. Голем терет здравствените работници однесоа на својот грб. Ова е пандемија и не треба да има политика, изјави Илијевски.

Вучиќ имаше една лоша реторика кон Македонија, неблагодарна. Памтиме наслови во неговите таблоиди, од типот на „Македонците ни забија нож во грб“, така што имаше многу лош настап кон новата македонска Влада, а притоа со ништо не беше предизвикан. Сега работите одат кон подобро, Македонија на сите тие провокации никогаш не одговори поинаку освен да ја пружи раката на пријателство и тука победивме во таа дипломатија за пријателство. Се покажа во целиот регион дека македонската надворешна политика е прифатена и разбрана од многу институции на ЕУ. Затоа и верувам дека со овие последни чекори и Вучиќ ќе ја смени реториката кон македонската Влада и ќе ја прифати подадената рака за пријателство, смета Илијевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × four =