Илијевски: До четврток ќе знаеме дали ќе ги бојкотираме изборите во Србија

You must need to login..!

Опис

Ќе донесеме одлука за нашето учество за претстојните избори во Србија. Состојбата е мошне сериозна во Србија бидејќи победникот веќе се знае.

Опозицијата ќе ги бојкотира изборите. Во последен момент се менува изборниот закон каде има многу контрадикторности, изјави во Утрински брифинг претседателот на Македонската партија во Србија Горан Илијевски.

Вплеткани се во енигма од која не можат да излезат. Со новиот закон, на претстојните пролетни избори во Србија, Републичката изборна комисија (РИК) ќе одлучува дали изборните листи или коалиции на малцинските партии ќе имаат статус на малцински партии во Србија, а за тоа може да побара мислење од надлежниот Национален совет дали подносителот на изборната листа е партија на националното малцинство.

Со измените на Законот е предвидено партиите на националните малцинства да не треба да остварат цензус од три проценти за да им бидат доделени пратенички мандати, при што при распределбата на мандатите со користење на најголемиот систем на количници, квотите на избирачките списоци на малцинските партии се зголемуваат за 35 проценти.

Ние сме регистрирани како партија на националното малцинство и како таква веќе учествувавме на локалните избори со своја листа (одобрена од изборната комисија како листа на партија на националното малцинство). Апсурдно е во иднина РИК да може да побара мислење од Националниот Совет (НС) на македонското малцинство за автентичноста на статусот на нашата малцинска листа.

Поради дисфункционалноста и многуте неправилности во работата на НС на македонското малцинство, неговиот нелегитимен избор, Партијата на Македонците во Србија не го признава НС на МНЗ и бара целосна државна ревизија на неговото финансиско работење. Затоа е нонсенс таквиот НС, кој со закон е деполитизиран, сега да носи мислење дали сме партија на македонското малцинство и на тој начин да остварува политичко влијание врз изборниот процес, изјави за Утрински брифинг Горан Илијевски, Македонската партија во Србија.

Ја поддржувам политиката на Заев за добрососедство и пријателство со Србија. Но за пријателство се потребни двајца. Колку е искрена од страна на Вучиќ, времето ќе покаже.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + 14 =