Илиевски: Македонија уфрли во највисока брзина, се определивме за вистинска офанзивна политика и сум убеден дека тоа набрзо ќе донесе добар резултат

You must need to login..!

Опис

Од самиот почеток на вложените напори за нашите евро-атлантски интеграции наша проценка беше дека Грција како една од угледните членки на ЕУ и на НАТО, по логиката на работите ќе треба да биде еден од главните поддржувачи на Македонија. После финалето во Преспа, кога Македонија направи тежок , можеби болен компромис со Грција, ова е сосема логичен след на работите. Ни за Грција тоа не беше едноставен компромис и ова што се случи со заокружувањето на преговарачката активност меѓу двете земји, претставува само јасен сигнал дека со компромис, политика и дипломатија, тогаш можеш да стигнеш до повисоките цели, па и наспроти себе ако ги имаш посилните и помоќните ривали. Доказ е тоа дека сега Грција е наш поддржувач, изјави во Утрински брифинг поранешниот амбасадор Тихомир Илиевски и додаде дека од Грција можед очекуваме да биде уште поголем наш поддржувач во процесот кој што следи.

Треба да оставиме да членовите на ЕК и високите функционири на ЕК да го проценат пристапот на Вархеји, но тоа јасно е веќе по рекациите кои се случија од силни центри и политички поддржувачи на нашата земја дека таквиот пристап (одвојување на Албанија и Македонија од патот кон ЕУ) нема да доведе до, за наша среќа, некој негативен резултат. Сметам дека во ЕУ и НАТО надвладува свеста дека по дефиниција соседните земји треба да бидат најсилните поддржувачи на кој и да е кандидат за премин на повисоко ниво во секоја меѓународна организација – тоа во политиката се вика стратегиски интерес на секоја земја пооделно, но и нарегионот на кој тие земји припаѓаат. Бугарија во овој случај како да не ја совладала таа лекција. Нејзиниот однос кон Макеоднија повеќе наликува како освета на мрачното минато од 20 век, отколку како зрела и промислена политика. Да не заборавиме дека Бугарија со членство на Македонија во ЕУ само добива, вели Илиевски и додава дека со исклучување на Македонија од брзата лента на интегративните порцеси во ЕУ само ќе загуби.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 + twelve =