Илиевска – Силјановска: Фестивал „Игор Маџиров“ – целта е промоција и афирмација на детската театарска продукција

You must need to login..!

Опис

Театарот за деца и младинци го основа фестивалот „Игор Маџиров“, а неговото прво издание се најавува во периодот од 30-ти септември до 4-ти октомври годинава.

Станува збор за интернационален театарски фестивал на детски театри, а тенденција е во иднина да стане престижен фестивал со традиција, чија цел е промоција и афирмација на детската театарска продукција.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со директорката на Театарот за деца и младинци, Катарина Илиевска Силјановска.

-Како институција постоиме 32 години. Игор беше наш драг колега. Го познавам од студентските денови, сериите и филмовите. Белегот што го остави е неизбришлив, така што доволен мотив Фестивалот да го носи неговото име.

-Откако сум јас на оваа позиција поднесов иницијатива, средства ни беа одоброени во 2020, но поради пандемијата тоа се одложи.

-Како национален театар на многу места имаме освоени награди. Се надевам дека и ние ќе успееме да скопиме добар Фестивал. Секаде се добиваат награди, па сакаме и ние да доделиме. Ќе има Гранд при за најдобра претстава, награда за најдобра режија, награди за актерски остварувања, награди за сценографија и костимографија.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

20 − 3 =