Илиевска: Никој не е комфорен во битолскиот Совет, коалиции нема, соработка е императив

You must need to login..!

Опис

Претседателката на битолскиот Совет, Габриела Илиевска, која доаѓа од граѓанската иницијатива „Поинаку“, вели локалната самоуправа не смее да го игнорира РЕК Битола и дека Советот мора да разговара за ова прашање и да даде иницијативи до централната власт за решавање на проблемите.

-Втор пат пишуваме историја во Битола. Првиот пат беше пред четири години кога за прв пат независни советници од независна листа влегоа в осоветот, а сега за прв пат во историјата на Биитола, претседател на Совет доаѓа некој од независна листа , изјави за Утрински брифинг, Габи Илиевска од „Поинаку“, претседателка на Советот на Битола.

-Сметам дека тоа е добро за градот, тоа е добро за демократијата и мислам дека Битола замина чекор напред во пишување историски работи во политиката.

-Очекувавме ваков резултат. Кога некој четири години работи онака како што сакаат граѓаните, кога ги слуша нивните барања, проблеми и нивните идеи, не може тоа да не резултира со успех.

-Мал проблем беше што имаше голем број на листи, па голем број на гласови на тие листи кои не освоијасоветници. Нашата цел беше да бидеме фактор во Советот на Битола и секако среќни сме што втор пат пишуваме историја во градот, изјави Илиевска.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six + 13 =