🎥 Изет Меџити во УБ за „фашизмот“ на Заев и за идното партнерство во Владата

You must need to login..!

Опис

-Чаир не може да се издвои од другите делови на градот. Ако се земе густината, Чаир е три пати погуста општина од општина Центар која е втора општина по густина во Македонија. И ако ги споредиме бројките тука некаде сме.

-Ако се спореди со други општини каде густината е далеку под оваа ќе дојдеме до бројка идентитчна со сите оптини. КОВИД не е локална работа и за тоа најкомпетентен е министерот Филипче. Да се каже дека Чаир се издвојува тоа не е вистина. Вистина едека ние како држава имаме реален проблем, изјави за Утрински брифинг Изет Меџити градоначалник на Чаир и кандидат за пратеник од редовите на ДУИ, говорејќи за состојбата со Коронавирусот во општината каде тој е на чело.

-Ако цело време се говори дека се гради едно општество за сите , каде е логиката при понудата и барањето на ДУИ, кое е идентично на барњето на ДУИ за претседател на Собранието, така да се отфрла. Ние рековме, за да се зголеми лојалноста, стабилноста во нашата земја, дојдено е време и премиер да биде Албанец.

-Ова е нова идеја, која што помеѓу другите понуди што произлегуваат од ДУИ цениме дека е најдобра. Во однос на кандидатот, било кој да е ќе има реакции. Нема некој идеален за кој што сите би биле 100% согласни. Но ви тврдам дека нашиот кандидат и по однос на биографија, квалитет, искуство, познавање на политички систем,устав и закони тврдам дека е најквалитетен кандидат. Ако едниот од градоначалник стана премиер (Зоран Заев), другиот од директор на ЕЛЕМ (Христијан Мицкоски) посакува да биде премиер, нашиот кандидат беше еден од најквалитетните пратеници, одличен експерт во областа на правото, изјави Меџити.

-Може Ахмети некој да не го сака или да не го цени, но мора да признае дека знае многу работи да диригира во општеството и да ги искористи гласовите на Албанците, па и од губитник да направи премиер на Македонија. Овој пат одиме кон тоа да го скршиме мразот и пораката е дека нема позиција во Македонија на која по автоматизам мора да раководи Македонец, вели Меџити.

Бадентеров принцип, консензуална демократија

-Зошто мора да биде прв во институцијата Албанец, за да се имплементира правичната застапеност на албанскиот јазик? Да беа праведни Македонците немаше да има потреба од Рамковениот договр. Фонд за иновации – дали само Македонците се креативни и само они може да добиваат проекти за креативност? Ставени сме во ситуација да одиме по институции каде првиот човек е Македонец да молиме да го притискаме за да го имплементира тоа што е донесено во Собрание.

Изучување на албанскиот јазик

-Нема ништо лошо македонските деца да го знаат албанскиот колку што ние го знаеме македонскиот јазик. Ако знаеме да комуницираме едни со други тука нема ништо лошо и познавањето на јазик не е никаков минус. На почетокот кога се имплементираше како што треба Охридскиот договор предност имаа оние кои го знаат албанскиот, македонскиот и некој друг јазик од поднебјето. реалноста беше поинаква. Имаше многу Македонци кои почнаа да одат по курсеви и да го изучуваат албанскиот јазик. Значи ако тоа не го направат институциите пазарот ќе го регулир атоа, вели Меџити и додава дека со наоѓањето форми за избегнување на имплеметирање на Охридскиот договоро спласнал и делот за интересот за изучување на албанскиот јазик.

-Од пазарна гледна точка интерес е на Македонецот да го изучи албанскиот јазик, исто и обратно, ценам дека и децата Албанци треба да го учат македонскиот јазик бидејќи само така ќе можат да се запознаваат и да комуницираат едни со други, вели Меџити.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 − 17 =