🎥 Избори за политички линч, а не за економски и демократски развој

You must need to login..!

Опис

Македонската економија го фати последниот воз со овие избори. Да се потсетиме дека политичката динамика пред дефинирањето на датумот пред 15 јули, (ставот на ВМРО-ДПМНЕ) беше што покасно да бидат изборите. Тие лиферуваа дури и шпекулативно инсистираа октомври на избори. Нивната политичка теза беше дека што подоцна тоа подобро за нив како партија, без разлика како ќе се скрши врз државата и економијата. Наспроти нив Заев ја имаше тезата што порано избори и ако денеска ме прашате, јас мислам дека најдобро ќе беше во март, кога уште беше почетокот на пандемијата, изјави за Утрински брифинг, новинарот и аналитичар Љупчо Зиков.

-Мислам дека го фативме последниот воз бидејќи лошо е кога во сред економски циклус во текот на годината правите застој. Тоа важи за првиот, вториот и четвртиот квартал. Сега ние влеговме во третиот квартал кој во прионцип е најслаб квартал. Така што добро е што сега се случуваат изборите за да излезем помалку економски оштетени, смета Зиков.

Говорејќи за извозот од Македонија Зиков смета дека тој зависи од три-четири стратешки пазари за Македонија и во каква динамика се тие.

-Реално заради пандемијата европските пазари каде што Македонија традиционални извезува се во нок-даун. Фармација, прехранбена индустрија, и суровински дел се сектори кои во Македонија и во тоална војна ќе функционираат. И не само кај нас. Сега гледаме колку фармацијата е важна на планетарно ниво. Тука е и ИТ секторот кој добива на раст, особено сега со новата нормала. Тоа ќе биде една бавча на идеи во која сега и јас би инвестирал. Ќе има компании кои ќе пропаѓаат, ќе се продаваат, ќе доаѓа до аквизиции, до окрупнување на секторите и тоа е добро и здраво за една економија, бидејќи многу е важно некој да плаќа даноци.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 1 =