Избори во САД – Интровертната политика на Трамп или екстровертната на Бајден, разговор со аналитичарот Арсовски

You must need to login..!

Опис

-Ќе мора да се почека малку за изборните резултати. Најголем дел од државите ќе продолжат да ги бројат утре. Она што може да се извлече како првичен заклучок е дека анкетите беа пооптимистички за Бајден од тоа што се покјажа на терен. штабот на Трамп вече подолго време говори дека нивната операција на терен ќе ја надомести предноста на Бајден што се покажува како вистина. Втората работа е говорот на Трамп кој најави дека се подоговтвуваизборен фалсификат и дека работата ќе ја носи до судовите, изјави во Утрински брифинг аналитичарот Петар Арсовски.

-Девет од десет анкети правени во последните месец дена по „златниот стандард“ препорачан во анкетите му даваа поредност на Бајден од четири и повеќе проценти, па дури и во државите како Тексас и Флорида. Тоа се покажа како неточно. Постојат две потенцијални причини за тоа.

Едната е дека анкетите кои во време на пандемија се прават телефонски, не ги фаќаат гласачите на Трамп, бидејќи се покажа дека на гласање тој ги вади гласачите кои претежно не гласаат. И втората причина е дека луѓето кажуваат дека се неопределени а всушност гласаат за Трамп. Од неговиот штаб велат дека нивната активност врата на врата говори спротивно на анкетите, изјави Арсовски околу потценувањето на поддршката на Трамп во истражувањето на јавното мислење.

Америка ќе остане длабоко поделено општество особено по драматичните разлики кои ги има по клучните прашања. Чудно е што во САД во последните два часа слушаме изјави и покривање на медиумите со типично балкански појави, а тоа е дека изборите се крадат, дека се наместени, дека се подготвува изборен фалисфикат. Не сум сигурен како тоа ќе се разреши. Има демографски групи, региони кои се поделени. Забавата таму допрва почнува, изјави Арсовски околу ефектите од прилично изедначените гласови.

Целиот разговор со аналитичарот Петар Арсовски може да ја погледнете во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 4 =