Идејна усогласеност на Црвенковски со десницата во последната година, анализа со Љупчо Поповски

You must need to login..!

Опис

Зошто Црвенковски да не биде мандатар? е последната колумна на Љупчо Поповски и за темите што ги начнува во оваа козерија разговаравме во денешен Утрински брифинг. Како да има две Македонии, едната која ја признава актуелната Северна Македонија која е реалност и друга која смета дека ВМРО-ДПМНЕ е Македонија.

-Тргнав од некоја идејна усогласеност на Црвенковски со десницата. Во СДСМ има една структура која била отсекогаш понационалистичка одошто и прилега на социјалдемократија. Ги имав предвид настапот на Црвенковски во МАНУ. Црвенковски се уште се чувствува како господар на златото од „Хобит“ и не сака да дозволи некој си хобит да му се меша во работите, вели Поповски.

-Паралелни Македонии, но важно е која е поголема. Мицкоски може да ја споменува или не Северна Македонија, битно е дали ќе го спроведува Преспанскиот договор. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ сѐ беше бизнис во односот со Грција, впрочем Кондоминас го окупираше Плоштад Македонија, вели Поповски.

Ако Мицкоски формира влада мора да го продолжи дијалогот со Бугарија, но не е спремен да потпише никаков документ туку ќе остави некој друг да го потпише.

-Тоа е како во времето на Луј. Кралот е нечепнат, Ришелје ќе ја заврши работата. Така беше и со признавањето на Косово, кое го потпиша Боцевски а не Груевски, вели Поповски.

-Сега не мислам дека работите се исти како на времето. Не може Мицкоски да се однесува како што се однесуваше Груевски во 2010. Регионот повторно врие, Босна е на работ, Додик сака да формира војска. Од друга страна САД велат Македонија треба да биде примена во ЕУ, а не е примена. Ние просто не знаеме во што да веруваме.

Во разговорот се вклучи и дописничката на МИА, Тања Милевска која ги пренесе реакциите од Брисел поврзани со последните потлитички случувања.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 5 =