“Играта на зборови може да повреди”, проект против булинг на Црвен крст и СВР Скопје

You must need to login..!

Опис

Oдделението за превенција при Сектор за внатрешни работи Скопје во соработка со Црвен крст на Општинска организација Кисела Вода, во периодот кој следи ќе реализира проект- финансиски поддржан од фондот за развој на проекти при Црвен крст на Македонија насловен како: “Играта на зборови може да повреди”. Како што истака денеска во Утрински брифинг Маја Наумовска- координаторка на проектот“Играта на зборови може да повреди”, овој проект било неопходно да се реализира бидејќи јавноста се уште не е свесна за опасноста од врсничкото насилство на социјалните мрежи.

-Сајбер буленгот е многу застапен помеѓу адолсцентите. Наша цел е да ја подигнеме свеста за постоењето на проблемот, а потоа и да го редуцираме омаловажувањето, злоупотребата, исмејувањето и другите негативни особености, вели Наумовска. Магдалена Бојковска, заменик лидер на клубот на млади информира дека проектот ќе трае четири месеци и ќе се одвива во две фази, фаза на превенција и фаза на поврзување каде младите по принципот на врсничка поддршка ќе делуваат едни на други. Во првата фаза од проектот, планирани се превентивни активности со што во основните училишта на територија на општина Кисела Вода, Аеродром и Сопиште ќе се одржат онлајн информативно – едукативни предавања со учениците од 7-мо, 8-мо и 9-то одделение. Планираме да ги опфатиме и средните училишта, бидејќи сме свесни дека врсничкото насилство се одвива и кај повозрасните адолесценти, вели Бојковска.

За да не остане проектот само на подигнување на јавната свест во истиот е вклучен и Секторот за внатрешни работи- Скопје.

-СВР Скопје знаат најсоодветно да постапат според Кривичниот законик кога се во прашање оние поддминати фази на сајбер булунг, каде што Црвениот крст не може да превенира само со психосоцијална поддршка. За две недели веќе се појавија два големи проблеми на сајбер булинг, кои се во поодмината фаза и во чие решавање е вклучен и СВР Скопје, објаснува Наумовска.

Веќе две недели е активна и телефонската линија 071 30 30 11 на која веќе има голем број повици за помош. Повиците се најчесто анонимни, но има и такви кои се охрабруваат да пријават дека лично тие се жртви на булинг. Младите кои се жртви на насилство можат да воспостават и на елењктронската пошта mladi.kiselavoda@redcross.org.mk. Младите се нашата движечка сила, непресушниот извор на креативност, способност, и знаење. Оттаму произлегува потребата за превенција на младите од сајбер насилство. Најчест аларм на кој сите ние реагираме е физичкото насилство, но тоа е сосема погрешно и недоволно, психичкото насилство многу повеќе влијае врз развојот на децата. Психичкото насилство т.е булингот има по суптилни начини на однесување кои создаваат внатрешни трауми кои потешко заздравуваат. Огромен е бројот на деца кои секојдневно трпат зборови кои болат до коска!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + 16 =