🎥📞 Ивановски: Потребна е целосна промена на економската политика – субвенциите само го гасат пожарот- следуваат банкроти

You must need to login..!

Опис

Имаме многу поразлична ситуаци од досега, пред изборите. Техничката влада функционира. Во услови вакви кави што имаме може да носи и економски мерки. Во друга ситуација, при нормални избори, постојат голем број на опграничувања во тој период. Јас не очекувам дека некој би можел да каже дека изборите ќе ја забават дополнително економската активност, изјави за Утрински брифинг универзитетскиот професор, Зоран Јовановски кој додаде и дека е факт дека целиот свет, не само Македонија, овој период се соочува со најдлабоката рецесија која е забелена од „Големата депресија“ каде што БДП на светско ниво опаѓа за повеќе од 20% со драматично зголемување на невработеноста во многу земји.

-Во таков амбиент, не може да се дозволи дури и во изборни услови и подготовки да не се интервенира како што тоа го прават сите. Очекувам и дека техничката влада на тој план да ги искористи овие 8 дена за време на вонредната состојба. Затоа, ќе повторам, не очекувам ова предизборие дополнително да влијае и да има несигурност или да предизвика дополнително намалување на економската активност.

-Економиите ќе се соочуваат и со втор удар од КОВИД-19. Никој не е сигурен колкав ќе биде економскиот ефект иразен во пад на БДП и падот на економската активност. Проекциите се дека ако има еден удар, падот ќе биде од 6%, доколку има втор удар најмалку 7,6% со драматичен пад на БДП во еврозоната меѓу 1о и 12% со пораст на невработеноста од 5 на 10%. Значи секоја влада се соочува со предизвик како да реагира.

-На располагање има две мерки – фискалната и монетарната политика. Двете се поврзани со фискалниот стимулс. Без оглед што монетарната постапува поинаку (печатење пари итн), двете се поврзани со вбризгување пари во националните економии. Обемот на фискалниот стимул на светско ниво во овој момент е проектиран на 10.000.000.000.000 (десет илјади милијарди) долари. Значи ова без преседан е најголем износ кој единствено може да биде контра мерка на негативниот притисок предизвикан со затворањето на националните економии како последица на КОВИД-19. Во такви услови добар дел од владите применуваат различни мерки. Ако објективно и неполитички обоено се гледа, мора да се признае дека нашата влада примени три пакети, постепеноеволуираше, и цело време ја збогатува понудата како тој фискален стимул да заврши точно таму кај што највеќе треба.

Целиот разговор со универзитетскиот професор Зоран Јовановски каде што тој говори за субвенциите, можните банкроти и дали е потребна промена на економската политика, погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen + 20 =