Ивановски од Пакомак: Македонија е меѓу првите земји во светот по трошењето на пластични кеси

You must need to login..!

Опис

После 10 – 11 години се носи нов Закон кој се обидува да ги затвори сите недоречености во претходниот Закон. Мислам дека за месец – два реакциите на граѓаните ќе спласнаст. Македонија е меѓу првите земји во светот по трошењето на пластични кеси, вели за Утрински брифинг професорот Филип Ивановски, менаџер на Пакомак.

-Верувам дека сега ќе се зголеми потрошувачката на кеси за отпад, но верувам дека сега граѓаните ќе внимаваат дали ќе ги полнат до крај или ќе ги фрлаат полупразни. Целта на законот е да се намали нивната употреба.

-Во Македонија после ковидот е падната потрошувачката е намалена и потрошувачката на кеси. Процентот на собирање отпад кај нас е околу 35 проценти.

-Свесноста на граѓаните, желбата за речиклирање кај граѓаните била 25 – 30 отсто сега таа е 40 проценти, полека расте.

-Законот е ригорозен, и претходниот беше и предвидуваше високи казни но едно да се донесе друго е колку се спроведува на терен.

-Имате компании што се општествено одговорни и се грижат за справувањето со својот отпад, но има и такви кои сметаат дека им е скапо да се справуваат со овој проблем. За среќа бројот на фирмите кои се обидуваат да ескивирање од плаќање за постапување со отпадот е мал.

-До 2030 година планирано е да се затворат депониите и да се исцрпи отпадот. Изградвата на стопански субјекти кои стопанисуваат со отпад е сватена во лоша конотација. Општините не сфаќаат дека тоа е стопански субјект кој ќе отвори работни места, а општината ќе приходува, и наместо да се бунат да не биде во нивната општина би требало да сакаат да биде токму кај нив, вели за УБ професорот Филип Ивановски, менаџер на Пакомак.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

4 + 20 =