Ивановски и Јаќовски: Дигитално ја презентираме историјата на македонскиот анимиран филм

You must need to login..!

Опис

Проектот „Македонски анимиран филм 1971 – 1991 – Помеѓу златно доба и заборав“ ќе се обиде да ја пополни празнината, да ја запознае денешната јавност, да им даде признание на пионерите и великаните, велат Иван Ивановски и Слободан Јаќовски, кои во рамките на актиностите на Друштвото на филмски работници на Македонија кој ќе го одбележи јубилејот – 50 години македонски анимиран филм.

„Идејата за овој проект се појави заради недостатокот на информации за историјата на македонскиот анимиран филм. Јас веќе работев анимирани филмови кога дознав за првите македонски остварувања во оваа сфера и оттаму желбата да се истражи ова поле. Филмовите што имав прилика да ги гледам беа многу интересни со силен авторски печат и така спонтано и ентузијастички влеговме во овој истражувачки да откриеме нешто повеќе за процесот, за луѓето коишто работеле, за самите филмови и авторите. Проектот има поднаслов ‘Златно доба и заборав’ затоа што сакавме да рефереираме на тоа дека имаме и традиција и продукција на анимирани филмови, кои постигнувале и меѓународни успеси“, рече за Утрински брифинг, Иван Ивановски, уметник и автор на анимирани филмови.

„Ние генерално како народ немаме традиција или навика да ги документираме нашите успеси во многу полиња како што се покажа и во овој случај со непостоење на никава дигитална архива во последниве 20 години, а некакви информации може да се најдат само во некои енциклопедии што е страшно и што ме инспирираше да се вклучам во проектот и да ги структурираме сите овие податоци за ги зачуваме во колективната меморија“, вели Слободан Јаќовски, филмски промотор и истражувач.

Авторите на проектот велат дека интернет страницата macedonian–animation.com вклучува биографии, артефакти од самите филмови, рецензии, есеи, оригинални интервјуа и многу други содржини. Поради условите наложени од пандемијата избран е дигиталниот начин на претставување и промоција – освен вебсајтот, содржините ќе бидат промовирани и достапни на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм, во текот на целата 2021 година. Во иднина, кога условите ќе го дозволат тоа – планирана е изложба, публикација, како и ревија на анимираните филмови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × three =