Ивановска: Партиски луѓе во државна администрација не треба, се претерува со таа политичка агенда при вработувањата

You must need to login..!

Опис

Влегуваме во политичка фаза во државата кога станува извесно дека нашето напредување кон ЕУ ќе продолжи да биде блокирано. Европската интегративна рамка, не само како техничка рамка за спроведување на правила и прописи и исполнување бенчмаркови, туку и како политичка клима за поттикнување на борбата против корупцијата може да биде загрозена.

-Она што нас ни пречи во државата е корупцијата. Да ја тргнеме Европа на страна. Ние сме тие жто живееме тука и мораме да бидеме посвесни и да не потпаѓаме под коруптивни влијанија. Корупцијата се протега низ целото општество и анкетите покажуваат дека тоа е проблем број еден за граѓаните, вели Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за Утрински брифинг.

Ивановска вели дека ние треба да си ја средиме државата, и за тоа е потребна малку волја а не е неопходна ЕУ која и онака помагаше и ќе ги помага антикорупциските активности.

Што се однесува до работењето на Владата, Ивановска вели дека резултатите и конечната оценка ќе се знаат на крајот од годината кога ќе видиме колку е спроведена националната стратегија и препораките од ДКСК.

-Тоа што двајца генерални секретари на Влада се во судски процеси за корупција е лошо од една страна оти тоа значи дека се раотело лошо, но од друга страна е добро оти покажува дека тоа е откриено и процесуирано т.е. не било прикриено. На граѓаните особено им пречи неказнивоста на моќниците, вели Ивановска за Утрински брифинг.

ДКСК го опфати периодот од 2017 до октомври 2021 година да ги разгледа договорите за дело кои ги има многу. Ивановска вели дека секоја влада до сега практикувала да извлече средства од буџетот за да ги задоволи своите гласачи.

-Мене ме разочара то видовме договори за авторско дело но немаше авторско дело. Имаше и авторски дела, но тоа беше по исклучок. Очекувам да се напуштаат старите лоши практики од претходната влада кога ќе дојде нова. Проблем е тоа што сите функционери си прават мали влади од своите кабинети. Тоа се премногу луѓе што се носат во министерствата однадвор во услови кога има доволен број врабтени во самите министерства, вели Ивановска.

ДКСК дала препорака за кривични пријави против генералните секретари кои склучувале вакви договори за дело и дала препораки за добро управување до вицепремиерката Славица Грковска.

-Партиски луѓе во државна администрација не треба, треба стручни луѓе, вели Ивановска и додава дека се претерува со таа политичка агенда при вработувањата.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

twenty − eight =