Ивановска: Како држава да се ресетираме кој правец ќе го одбереме

You must need to login..!

Опис

Пред нас се големи проблеми со многу длабоки корени. Ние како држава треба да се ресетираме да бидиме кој правец ќе го одбереме, а граѓаните не треба да губат сила и интерес, вели првата антикорупционерка Билјана Ивановска во гостувањето на Утрински брифинг и се осврна на Стратегијата за борба против корупцијата која се спроведува една година:

-Ние направивме еден софтвер за да ги следиме сите активновсти кои институции кои имаа обврска да ги преземат согласно акциониот план од Националната стратегија до крајот на годината. Ги сумиравме резултатите, но не можеме да се пофалиме дека се преземени повеќе од половина активности, туку напротив, преземени се многу малку активности. До крај на месецот ќе го сумираме извештајот за спроведените активности и ќе го доставиме до собранието. Имаме проблем со дисконтинутет. Еднаш биле овластени едни, а потоа други лица. Едноставно не си ја сфатиле сериозно задачата, рече Ивановска.

-Ние како институција сме надлежни во спречувањето на корупцијата, но не сме единствени. Може да даваме насоки, да препорачуваме, да кажуваме што треба, што не треба но главните актери се самите институции на чело со првите луѓе, заклучува Ивановска.

Таа се осврна и на информацијата за набавка на 142 нови возила за државните служби за кои платиле 3,6 милиони евра.

-Ние отворивме тендер за оперативниот лизинг со кој владата купи 45 возила. Ист е принципот. Исти слабости ќе утврдиме, рече Ивановска и додаде дека секое службено лице има обврска да се грижи за домаќинско и рационално работење што генерално е проблем со јавните набавки.

-Кој што ќе вози треба да е направи рангирање. Не може сите да возат исти возила од претседател на држава до некои службеници. Ние се грижиме за ефикасно, рационално, економично трошење на буџетските средства, тоа ни е обврска по закон. А требаше да се направи и една убава анализа што државата ќе ја чини помалку, кој избор ќе биде поекономичен, дали оперативниот лизинг или обично купување преку спроведување на тендерска постапка за набавка на возилата. Ние веќе ја правиме таа анализа и наскоро во април ќе ги изнесеме заклучоците се со цел да помогнеме за трошење на помалку пари, а постигнување на ефект, рече Ивановска.

Таа се осврна и на случајот со парцелата кај Холидеј Ин кој како што рече „го слави првиот роденден како е предаден во јавното обвинителство“.

-Мора да разграничиме дали ни е цел како држава да го распродадеме целото државно земјиште по багателни цени или ќе го штитиме јавниот интрес. Ние не можеме да го спасуваме јавниот интерес за сите граѓани ако го распродадеме. На приватно земјиште не можете да градите ниту зеленило, ниту било каков објект којшто е од јавен интерес. Ако ние направиме убав Генерален урбанистички план и соодветен ДУП каде нема да се мешаат бизнисмените туку напротив стручната јавност ќе каже по сите стандарди колку треба висина, зеленило, колку возила – нека се спроведе, па што ќе остане, бујрум нека се продаде. Инвеститорите и сега прават притисок врз општинарите, децидна е Ивановска.

-Корупцијата е внесена во толку пори во државата и ќе мора да се направат радикални промени. Треба да се бараат механизми за одглавување и тие ги понудуваме, вели претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска во гостувањето во Утрински брифинг.

Целиот разговор погледнете го видеото:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

16 − ten =