Ивановска за УБ: Детектирани се слабите точки и „финтите“ како се злоупотребува дискреционото право

You must need to login..!

Опис

Работиме, максимално транспарентно. Во изработката се вклучени многу институции каде што е детектиран проблемот со коупцијата. Вклучени се и ревизори, НВО, медиуми.

Го зајакнуваме, интегритето, етиката, транспарентноста и системските контроли, во форма на сузбивање на непотизмот, дискреционите права. Детектирани се слабите точки и финтите како се злоупотребува дискреционото право и тоа да се стави под контрола. Кога ќе се избираат професионалци и стегнат сите работи од сите страни, тогаш нема да има простор за злоупотрреба на дискреционото право. Ќе има прави луѓе на право место. Доколку ја оценуваме соработката со владата би дала оценка 8. Соработката е добра во тие рамко во кои што се поставени. Но сепак можеби можеше да се средат малку повеќе работите во смисла да одеше електронски и побрзо, ефектот да беше подобар, рече за Утрински брифинг, Билјана Ивановска претседателка на ДКСК.

Со вицепремиерот Османи разговаравме за стратегијата, бидејќи е многу важна за ЕК. Треба да се реферира во Брисел што државата од октомври месец до сега има направено за подобрување на состојбите. Разговаравме и за активностите околу изборниот процес, бидејќи тоа е многу важно и ќе биде мониторирано од страна на ЕК. Според нас офицер за интегритет треба да се прошири и во другите институции во државата, кој што ќе укажува на однесување и добар интегритет. Османи ја поздрави идејата и рече дека во они први ќе го применат, додаде Ивановска.

Јелена Кадриќ од Институтот за човекови права рече дека граѓанските институции ќе останат да ги следат работите на државното правообвинителство.

– Ќе ја цениме нивната активност. Сметам дека она што би можеле да го дадат, не го прават како што треба изјави Јелена Кадриќ, институт за човекови права.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 − six =