Ивановска: Етичкиот кодекс мора да се почитува, потребна е внатрешна контрола во секоја институција

You must need to login..!

Опис

Сме оствариле контакт со Ковачевски сме разговарале. Првиот човек секогаш е огледало на институцијата и пример на вработените како непишано правило. Затоа многу е важно за членовите на новата влада својот личен интегритет да го стават во функција на позицијата која ја заземаат и функцијата која што ја обавуваат.

-Кога критикуваме не го правиме тоа затоа што така сакаме туку да се подобри функционирањето во системот и негова поголема успешност.

-Ресорот вицепремиер за борба против корупција е одлука на Владата. За нас важно е да се креираат политики за спречување на корупцијата. Поле за работа има за сите бидејќи корупцијата кај нас е широко распостранета. Според препораките на ГРЕКО сметам дека треба ваква позиција за спроведување на етичкиот кодекс за добро владеење и управување.

-Сите избрани и именувани членови на влада се предмет на наши испитувања. Мислам дека новиот премиер и сите министри треба да се погрижат да ги спроведат активностите на националната стратегија да се спроведе истата и да ги спроведат нашите препораки.

-Прво треба сите членови на Влада да си го прочитаат еичкиот кодекс, неформално да го потпише но што е уште поважно да го прифати. Број два е да се обезбеди лице кое вистински ќе се грижи за негово спроведување. Број три е лице кое што ќе се грижи за нивниот интегритет, да се воведат оперативни стандарди и процедури, да се направи проценка на ризици и да се обезбеди внатрешно искажување на вработените односно да се обезбеди лице кое ќе работи со укажувачи.

-Потребно е да се воспостават внатрешни канали, вели за УБ првата антикорупционерка, претседател на ДКСК Билјана Ивановска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 10 =