Зрело ли е македонското општество да ги прифаќа различностите

You must need to login..!

Опис

-Тоа што се случи во последните три дена со Заедница на верници од еврејска припадност е класична рефлексија на тоа што е различно од нас.

-Ние треба да бидеме внимателни на тоа на што поточно се спротивставуваме.

-Ако линијата на спротивставување е во насока на тоа дека било која друга група на верници или било кој друг поединец во општеството поттикнува психичко или физичко насилство е момент каде што треба да се спротивставиме, изјави за Утрински брифинг Самет Шабани од „Хоризон цивитас“ – Здружение за граѓански активизам и поттикнување на општествена одговорност, но додава дека ако домејнот на спротивставување е во насока на тоа дека групата се облекува различно од другите, или начинот на облекување е различно од т.н норма во општеставата, всушност докажува дека не сме доволно зрели да прифаќаме нешто различно од нас.

Ова е дел од разговорот со Шабани околу темата за припадниците на радикалната еврејска верска група Лев Тахор, кои деновиве престојуваа во Куманово.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

13 − five =