Зошто е потребна Парада на гордоста – разговор со Кочо Андоновски

You must need to login..!

Опис

Со почетен собир од 10 до 12 часот во Жена парк, па потоа со рута покрај Владата и до Школка во Градски парк, каде ќе се одржи и прослава, на 26 јуни ќе се одржи втората Парада на гордоста (Skopje Pride), овој пат под мотото „Вон ѕидовите“.

Организирана од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, настанот ќе ги реафирмира надежите за посолидарно, похумано, поправедно општество. Односно, славење на слободата, различноста, прифаќањето и љубовта.

Кочо Андоновски, член на организацискиот за Утрински брифинг изјави дека оваа парада на гордоста треба да потврди дека првата парада не беше аномалија или инцидент.

-Првата беше толку успешна што оваа парада треба да потврди дека така ќе продолжи. Мината парада имавме политичари, мислам дека ќе иамме и оваа година. Комуникацијата ни е добро со институциите, особено оние кои ни се важни за парадата. Со МВР веќе имамо воспоставен контакт, во координација сме и околу говорот на омраза кој во моментов оди откако објавивме за парадата. Секојдневно ги пријавуваме сите и полицијата постапува превентивно. Имаме добра соработка со МВР, како низ годините така и сега. Секако дека ние ги каниме сите, затоа што ние не можеме да кажеме дека нема конзервативни припадници и на ЛГБТИ заедницата, вели Андоновски.

-Исто така во интерпартиската група во Парламентот за правата на ЛГБТИ луѓето ние имаме и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ тројца пратеници кои се дел од таа група, додава Андоновски.

-Долго сум во ова и јас ги имам почувствувано промените. Има голема промена од времето кога јас почнував со активизам и сега после 16 години има огромна промена. На почетокот бев сам. Денес после 16 години имаме голем број на ЛГБТ организации, иамме Национална мрежа во која членуваат повеќе од 20 организации и поддржувачи. Дел сме од работните групи кои подготвуваат одредени предлог закони, учестуваме и иамме дијалог со институциите што е огромна промена ако земем предвид дека до пред 16 години ниту во медиумите не се споменуваа ЛГБТИ луѓето, вели Андоновски.

-На самата парада има многу различни луѓе, нема само ЛГБТИ луѓе, има и поддржувачи, така што било кој да излезе никој не може да ја претпостави сексуалната ориентација или родовиот идентитет на оние кои се присутни на парадата, додава Андоновски.

Целиот разговор со Кочо Андоновски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 − 1 =