Зоонегувателот Војо предупредува: И животните може да добијат топлотен удар

You must need to login..!

Опис

И животните како и луѓето можат да доживеат топлотен удар доколку се долго време изложени на сонце. И тие сакаат да се разладуваат во топлите летни денови токму затоа зоо негувателите во Скопската зоолошка градина им подготвуваат летни освежувања во форма на сладоледи.

Денеска екипата на Утрински брифинг беше во посета на живеалиштето на фламингата, на кои што високите летни температури не им се непознати, но зоо неговатеелот Војо Андреев, вели дека во зоолошката градина има животни на кои навистина им пречат горештините.

– Некои од животните дури одбиваат и храна, бидејќи им е многу топло. Исклучително им е тешко на сибирските тигри, на мечките, на морскиот лав… животните нимаат летна диета, нашиот биолог секоја сезона ја изработува листата на јадење. На мајмуните им замрзнуваме овошје со вода, и потоа им го криеме во различни делови од живеалиштето за да ги разладиме. Сладоледот за слоновите го правиме  во кофа, додека на  морските лавови и на пингвините им смрзнуваме риби наместо сладолед, објаснува зоонегователот Војо.

Тој нагласува дека опасноста од топлотен удар кај животните е голема, токму затоа поголем дел од денот животните се под сенка или во живеалиштата.

– Посетителите треба да знаат дека во топлите денови животните најчесто избираат да престојуваат под сенка, па може да се случи да не ги видат во нивните живеалишта, додава зоонегователот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 + eight =