🎥 Злоупотребата на АКМИС, за најавениот ветинг и како до враќање на довербата во судството – гостинка во УБ – новинарката Гордана Дувњак

You must need to login..!

Опис

-Доколку Панчевски го почитуваше законот немаше да дојде до оваа ситуација од притворско одделение да биде носен на судење. Но ова што денес му се случува е продолжение на начинот на кој тој се однесуваше во изминатото време. Станува збор за нетипичен лик кој што многу често влагаше во вербални дуели па и етикетирања на новинари, навредувања, а после неговата смена го користеше својот приватен ФБ профил за произнесување на политички ставови, така што ароганцијата продолжи после неговата смена.

-Колку што мене ми е познато обвинението се задржува или има докази за 49 судски процеси, од кои што најголемиот дел се однесуваат на предмети кои што произлегуваат од Обвинителството за организиран криминал, два или три од скопското обвинителство, два предмети се од СЈО – „Тврдина 2“ и „Шамарите од Центар“. Судењето е во рана фаза, изјави за Утрински брифинг новинарката Гордана Дувњак говорејќи за судскиот процес и обвинението за екс претседателот на кривичен, во кое се наведува злоупотребата на АКМИС системот и делењето предмети на рака.

-Јас очекувам дека Панчевски ќе добие фер судење, но доколку се покаже дека навистина го злоупотребил АКМИСОТ кој беше воведен да се отстранат недоследностите во судството, може да биде основ, дел од тие оштетни луѓе во судските процеси да бараат обновување на истите, бидејќи целиот период бевме сведоци на обвинувања за политички влијанија и монтирани судски процеси.

-Она што во оваа фаза е познато е дека најмалку на две „омилени“ судијки на Панчевски им се доделени предмети на рака. Овие две спаѓаат во т.н сваровски судии. Колку што знам целиот период се најавува генерален реизбор што се покажа дека е невозможен, а сега и ветинг, што значи дека во еден претстоен период судството ќе треба да се занимава само со себе, но она што загрижува е што ветингот го најавуваат политичарите. Тоа е работа на Судскиот совет кој доколку беше ефикасен, стручен, професионален и непристрасен Судски совет немаше да дојдеме до оваа ситуација, смета Дувњак.

Целиот разговор со новинарката Гордана Дувњак погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − nine =