„Златниот“ Павлов за УБ: Мотивацијата ми е на највисоко ниво – целта е ОИ Токио

You must need to login..!

Опис

Емил Павлов го освои златниот медал во категоријата до 60 килограми на силната карате Премиер-лига во Сацлбург, Австрија откако во финалниот меч со 5-4 го совлада актуелниот светски шампион, Италијанецот Анџело Крешенцо.

Павлов до победата стигна буквално со поен освоен во последната секунда и повторно како и на Европското првенство во 2019 година беше подобар од Италијанецот Крешенцо. Оваа победа е голем поттик за уште поголема самодоверба пред Европското првенство и квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ во Токио.

– Беше тешко. Овој турнир е е ден од најдобрите. Учествуваат само најдобрите 50 во светот. ВО финалето го победив светскиот првак. Резултатот е голем мотив и зголемување на самодовербата. Во мај ќе се обидам да обезбедам олимписка норма за Токио. Ќе се обидам после подолго време Македонија да има претставник на Олимписките игри“, рече за Утрински брифинг Емил Павлов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × two =