🎥 📞„Златна рака“ – „Ако имаш, дај, ако немаш, земи“ – хуманоста не познава националност, вера и религија

You must need to login..!

Опис

Златна рака“ се одвива во Чаир под мотото „Ако имаш, дај, ако немаш, земи“. Целта е граѓаните кога купуваат храна за дома, некој од производите да го донираат за сиромашните. Причината за оваа акција е Рамазан и кризата од Ковид-19, изјави за Утрински брифинг Менсур Красниќи од „Златна рака“

Полицата на милосрдието е идеја која овозможува да се донира или да се придонесе за сиромашните, да помогне секој, а не само некој со добар финансиски статус. Секој муштерија кој може да купи некој производ за своето семејство, може да донира во оваа кошница или полица по некој продукт и да се солидаризира со сиромашните, вели Менсур Красниќи од „Златна Рака“.

Акцијата се одвива во уште десет дуќани и вклучени и се пиљарите, вели Красниќи и додава дека има газди македонци кои се вклучиле во иницијативата, а тоа е доказ дека хуманоста не познава националност, вера и религија, додава Красниќи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + seventeen =