Зимска служба: Имаме доволна количина на сол, колку за уште еден снежен бран

You must need to login..!

Опис

Одржувањето на сообраќајниците во зимски услови е на задоволително ниво, а доказ за тоа е што никој досега нема пријавено дека има застој во сообраќајот. Сообраќајот се одвива во зимски услови и возачите се прилагодуваат на состојбата на патот, рече денеска во Утрински брифинг Марјан Павиќ, главен инженер во ЈП „Улици и патишта“.

Имаме доволен капацитет на возила, снегот се расчистуваше со осумнаесет специјални возила-соларки, со пет утоварни машини, неколку камионети и други помали машини кои ги употребуваме таму каде што не можат да влезат големите соларки. Најнапред дејствуваме превентивно на критичните точки, мостовите, надозниците, сите угорнини и удолнини и местата кои ни се нам познати како критични, како што е булеварот „Борис Трајковски“ каде што секогаш има провев кој ги намалува температурите и доведува до замрзнување. Досега се потрошени 1.950 тони сол, а веќе работиме на подобрување на условите на патот и околу градот, рече Павиќ.

Тој нагласи дека зимската служба располага со доволна количина сол колку за уште еден снежен бран, но потсети дека индустриската сол може да дејствува само до минус седум степени.

-Покрај коловозите, веќе почнавме со расчистување и на тротоарите и на велосипедските патеки но се јавува проблем кога наидуваме на паркирани возила. Затоа апелирам до граѓаните да не ги оставаат возила на тротоарите ниту на третата лента од коловозите за да можат машините да поминат и да ги исчистат патеките од снег. Исто така апелирам секој совесно да постапува и да го чисти просторот пред влезовите на станбените и деловните субјекти, нагласува Павиќ.

Зимската служба во текот на денот го ќе исчисти патот до Средно Водно, со цел да може да се овозможи движење кон планината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − 8 =