Зиков: За развој ни треба и стимулации за инвестиции во приватните компании

You must need to login..!

Опис

Не може да се зголеми БДП само ако ја негувате личната потршувачка на граѓаните. Растот таму е меѓу 1,5 и 2,5%. Помалку е депласирано да разговараме секогаш дали растот ќе биде 2 или 3%. Македонскиот проблем, особено извезот не се решава со овој тип на раст. Значи ние имаме погрешна терапија. Големиот раст над 6% се добива ако се отвори широк фронт на инвестиции не само од страна на државата, што е потребно и за пофалба е заложбата на владата, но многу е битен пристапот до финансиски средства и капитал на приватните компании и тоа е големиот предизвик што следува со кој владите ќе треба да се соочуваат во делот на промена на законодавството, изјави во Утрински брифинг првиот човек на „Капитал“, Љупчо Зиков.

Треба да се вадат добрите примери во македонската економија. Треба да се свртиме кон новата генерација на „индустријалци“, кои применуваат и нови технологии, да им дадеме простор во јавноста и да ги извадиме позитивните примери кои ќе бидат стимул за многумина. Моите анализи покажуваат дека Македонија има таргет на луѓе кои можат да повлечат, да отворат нови фабрики. Кај нас проблем е менталитетот како и институционалната поткрепа на приватниот сектор. Една од работите е пристапот до средствата. Како позитивен пример ќе ја издвојам Развојната банка која многу добро се однесува во оваа ковид криза. Добро администрира со парите што државата ги прави. Но ова сега треба да се развие – голем ашанса е сега Развојната банка да стане она што значи Хрватска банка за обнова и развој. Таа треба да се докапитализира, да добие позиција со која на еден начин ќе конкурира на комерцијалните банки во Македонија, смета Зиков.

Целиот разговор може да го погледнете во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 11 =