Зиков: Нова стратегија – финансиска помош за развој и нови идеи кај компаниите

You must need to login..!

Опис

Проблемот со кој сега се соочува Македонија и според анализата на НБРМ и СБ, се соочуваат сите држави во светот- ниски стапки на раст на БОП, скоро секаде негативни, економиите се соочуваат со ризикот од затворање на работни места. Повеќето економии во светот не дозволија затворање на работните места и ние може да бидеме задоволно со степенот на задржувањето на работните места. Ова е важно за да не се отвори спирала надоле – намалување на потрошувачката која директно зависи од приходите на граѓаните. И затоа е силата на „умните“ економии да се задржат работните места, бидејќи на пазараот мора да има потрошувачи, изјави во Утрински брифинг Љупчо Зиков.

Ние сме една година во ковид – кризата е светска и има директно влијание врз екопномијата. Во случајот со Македонија – 80% степен на задолженост од БОП. Да таа е голема, но добро е кога една држава е во развој и сака да се развива и бележи посериозни стапки на раст на БОП, таа мора да најде од некаде финансиски средства како ќе се финасира растот. Македонија нема резерви и не може да се потпре на сериозни сопствени снаги во економијата за да може да обезебеди силен раст, вели Зиков.

„Зачепурени“ во дневната политика што се случува во Парламентот не видовме две големи работи. Македонија стана сопственик во Александропули во идна гасна централа. Знаете ли што е тоа? Тоа е потег во стилот на Јосип Броз. Ова е исто како СФРЈ имаше дел од солунското пристаниште како екс територијална зона и важеа југословенски закони. Ова значи дека Македонија ќе користи гас од Александропули. Втора работа е договор со Бекстел за изградба на автопатишта. Маестрално брзо беа потпишани овие договори. Значи не секогаш админситративните процедури се важни ако имате јасна визија и цел за да остварите нешто големо за државата.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − 14 =