Зиков: Македонија на енергетско поле мора да направи големо реструктурирање на своите капацитети и инвестиција на нови капацитети за производство на струја

You must need to login..!

Опис

-ЕСМ ги префрли парите кон МЕПСО за фактурата од европскиот пазар па кај и да е и оваа уплата ќе биде извршена. МЕПСО е дел од таа мрежа каде што се балансираат и работите мора да бидат балансирани. Има ситуации кога МЕПСО давал струја и наплатувал сега во конкретниов случај имал потреба да зема. Тоа не е крадење на струја како што вели опозицијата, тоа е автоматски процес ако имате недостаток и без да сакате струја ќе биде повлечена.

-За луѓето кои што работат на клучни позиции во стратешки обласни нема сомнеж во нивната стручност.

-Ако го гледаме буџетскиот дефицит од 500 милиони евра, се вели дека овие средства ќе бидат развојни и за капитални инвестиции, претпоставувам дел од нив ќе бидат наменети и за стабилизација на енергетскиот сектор.

-Во моментот кризата не е индуцирана од внатре туку е од надвор и доаѓа поради високата цена на гасот кој е главен енергенс во голем број електроцентрали во Европа, и диктира високи цени.

-Не може да се предвидува каков би бил шокот што ќе настане. Овој шок е предизвикан од чиста геополитика и овие шокови не може да се предвидат.

Заклучоците се дека Македонија мора да инвестира во сопствени капацитети, вели за УБ, новинарот и сопственик на Капитал, Љупчо Зиков.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 − one =