Зибери: Најмалку кооперативни со Народниот правобранител се судството и апаратот на присила во државата

You must need to login..!

Опис

Деновиве се навршува една година од именувањето на Насер Зибери за Народен правобранител на Република Северна Македонија.

-Оваа година помина многу брзо, со контакти со луѓето, одговори на претставки, но беше и предизвик и обврска затоа што граѓаните мора да имаат чувство дека постои институција кога се грижи за нивните права, вели Зибери за Утрински брифинг.

Според оценките што ги прави Европската унија во рамките на нашиот интегративен процес, во земјава се зацврснуваат независните тела кои се грижат за правата на граѓаните.

-Еден од предизвиците што ги воочив е истакнување на висливоста на оваа институција. Има и подобрување на видливоста на овие независни регулатори меѓу кои е и Народниот правобранител, и врз основа на тоа каков е впечатокот на јавноста за работата на овие тела се проценува состојбата на човековите права во земјата, вели Зибери.

Тој додава дека заштитата на човековите права е само една димензија на работата на Народниот правобранител. Централно место и најдоминантни се претставките кои се однесуваат на македонското судство.

-Постои позитивна атмосфера за промени, но бавен е трендот на реструктуирање на институциите. Не е доволно само правна регулатива, која ние и ја имаме, туку е потребен стимул кај луѓето кои ги спроведуваат реформите, вели Зибери.

Секоја реформа која бара промена на поведение е тешка. Во ова спаѓаат и судството и Обвинителството кои тешко се прилагодуваат на промените. Воведувањето на оценка на судиите, отчетноста пред Судскиот совет или Советот на јавни обвинители предизвикува тензија во самата институција и има настојувања тоа да се одложи, коментира Зибери.

Зибери вели дека поради пандемијата имаше многу помал број претставки оти луѓето не беа во можност слободно да се движат, а повеќето сакаат лично да поднесат претставка во канцеларијата. Претставки има и за состојбите во затворите, но и за денационализацијата.

Судовите и судиите се на врвот од перцепцијата за застапеноста на корупцијата во земјата.

-Мислам дека извештајот на Транспаренси е објективен и се чувствува клима во Владата да се зафати со намалување на овој тренд. Корупцијата е феномен кој не може целосно да се елиминира, но спремноста на институциите да се справат создава атмосфера на промена на перцепцијата, вели Зибери.

Тој додава дека пред два месеца е направена анализа како постапуваат институциите по препораките од правобрантелот и дека 30 отсто од органите постапуваат навремено и 30 отсто реагираат по повторено барање, а 30 отсто воопшто не одговараат. Зибери вели дека најмалку кооперативни се судството и апаратот на присила во државата кој се чувствува моќен и не сака контрола. Неодговарање на барање од народниот правобранител се смета за попречување на работата на народниот правобранител.

Во однос на постапките кои се однесуваат на дискриминација по етничка основа, поднесена е само една претставка на граѓанин кој вели дека е дискриминиран затоа што има бугарско самочувство.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × two =