Зибери: Омбудсманот е институција која го штити и избирачкото право на граѓаните

You must need to login..!

Опис

Последен ден од предизборната кампања за првиот круг од локалните избори закажани за 17 октомври, недела.

Кандидатите за градоначалници 19 дена на терен на средби со граѓаните ги претставаа своите програми со намера да ја придобијат нивната доверба… Но и на овие избори не изостанаа меѓусебните обвинувања за нерегуларности, обвинуваа за поткуп на гласачи, агитирања, вршење притисоци врз гласачи, правење списоци.

Граѓаните имаат загарантирано право на глас и самите треба да донесат одлука дали и на кого ќе ја дадат довербата за иден мандат, но доколку се соочиле со било какви притисоци или сметаат дека им е повредено некое право истото треба да го пријават кај народниот правобранител, велат од канцеларијата на омбудсманот.

Гостин во Утрински брифинг на оваа тема беше народниот правобранител Насер Зибери.

-Избирачкото право е едно од темелните вредности на Уставното уредување на државата, а Народниот правобранител е институција која се грижи за заштита на ова право за секое демократско општество, изјави Зибери.

Целиот разговор погледнет го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 − 11 =