Зибери: ДУИ на изборите ќе има сериозен конкурент во БЕСА и коалицијата Алтернатива – Алијанса на Албанците

You must need to login..!

Опис

Мислам дека најкризен период за ДУИ беше 2016 година. Тогаш опозиционите партии не успеаја да го поразат и останаа клучен фактор за парламентарното мнозинство.

Сега мислам дека се поконсолидирани. Не верувам дека под 10 пратеници ќе имаат, но не мислам дека драстично ќе расте.

Сега има сериозни два конкуренти – БЕСА преку коалицијата со СДСМ и самиот СДСМ кој исто така ужива сериозна поддршка кај албанскиот електорат. Од друга страна Алијанса во коалиција со Алтернатива.

Мислам дека Алијанса на Албанците пропушти една добра шанса да формира еден блок на опозициони политички партии наспроти ДУИ.

Тоа ќе им се одрази на изборите. Колку ќе го компензираат тоа треба да се види.

Но факт е дека пропуштија шанса да се факторизираат со една поголема коалициона поддршка, изјави политичкиот аналитичар Насер Зибери во гостувањето во Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × one =