Зибери: БЕСА ќе го зголеми габаритот на гласови на коалицијата со СДСМ – се создава победничка атмосфера

You must need to login..!

Опис

Јас верувам дека анализите на СДСМ и БЕСА го потврдуваат фактот дека коалицијата помеѓу овие два субјекта може да го зголеми габаритот на поддршка од гласачите.

БЕСА може сериозно да повлече гласови, бидејќи по инерција се создава атмосфера на победничка коалиција.

Граѓаните, сериозен дел од нив, се расположени да поддржат коалиција која има шанси да остане на власт или да ја добие власта доколку е во опозиција.

Во минатото се покажа дека ДУИ како константен коалиционен партнер во владата, по инерција добиваше еден сериозен дел на гласови. Тоа само поради фактот што граѓанинот, гласачот беше убеден дека тој политички субјект ќе опстане на власт. Како таков гледаат еден партнер за соработка. Сега се менуваат работите.

Сега БЕСА станува сериозен фактор. Преку коалицијата со СДСМ има позиција по default да биде член на владата.

Како таков може да привлече сериозен број на гласови на контото на таа коалиција, се надоврза политичкиот аналитичар Насер Зибери за проценките дека на овие избори на СДСМ ќе му требаат 60-70.000 гласови од албанските граѓани, и дали смета дека оваа коалиција (БЕСА) го има тој капацитет во градењето на тој наратив – едно општетво за сите, за помагање на СДСМ во овие два фронта, во однос на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, да привлече доволно албански етнички гласови за да може да претставува сериозна закана кон тие два политички кампуси кои му се директна опозиција на овие избори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 3 =