Земон: Со евентуалното вето Бугарија гради кинески ѕид помеѓу двете земји

You must need to login..!

Опис

Сите држави на некој начин се експеримент. И самата нација е експеримент, така што на некој начин градењето на потолерантно општество е природна состојба. За жал во Европа победи таа идеја на нација. На Балкнот има силни држави, нации, Грција, Бугарија, Србија и имаме 4 мултикултурни држави, БиХ, Црна Гора, Косово и Македонија. Во тој контекст мислам дека помалите држави немаат избор освен мултикултурализам и отворено општество доколку сакаат како ентитети да опстојат, изјави во Утрински брифинг етнологот и универзитетски професор Рубен Земон.

Стратеијата за едно општество за сите ја имаше таа среќа што се усвои. Дојдоа најголемите светски авторитети и ја поздравија првата стратегија за мултикуллтурализам. Добро се почна, во Владата се усвои, но дојде ковид-19 и се забави на некој начин целата работа, вели Земон и додава дека едно општество подразбира општество кое е интегрирано, кохезионо.

Ставовоите на официјална Софија

Никогаш не сме имале проблем со етнолозите во Софија околу прашањето на Македонија. Проблем во академската заедница е кај историчарите кои се повеќе со политички бекграунд. Постоеше една неусогласеност во Софија кај историчарите, антрополизите, социолозите. Мислам дека во тамошното општеството нема голем интерес за Македонија, но во одреден момент една минорна партија успеа да го наметне прашањето и во тамошниот живот, смета Земон.

Говорот на омраза можно е процентуално да се подигне. Се разбира за тоа мора да се има причина. Мислам дека, што се однесува до македонско-бугарските односи, не се веднаш завршени после 45, 46 година. Мислам дека тогаш Југославија како хуман гест многу работи и прости на Бугарија, но тој процес не се заврши, тлееше и сега тоа излезе на површина.

Целиот разговор со универзитетскиот професор Рубен Земон погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − 6 =