Земон: Големите фронтмени во СДСМ се променети, а сегашните кадри се уште не профункционирале

You must need to login..!

Опис

-Ова е како тенис, 2 спрема 1 во сетови, од ова може да се врати само Ѓоковиќ. Мислам дека членството на СДСМ малку покажа револт поради оваа ситуација. Мислам дека прилично се разочарани од Шарената револуција. Не профинкционира државата како што се очекуваше. Сега покажуваат дека ако продолжи индиферентноста, ако не се променат актерите, ќе се почне пак со истата реторика како порано – заробена држава и слично, изјави за утрински брифинг Рубин Земон, Директор на Центар за напредни студии и некогашен пратеник, предводник на партијата на Египќаните која сега оствари осум советнички места во Охрид .

-Не се направи тоа да има отворени листи. Народот сака малку полиберален изборен законик.

И сега имаме шоу бизнис кандидати, а Донтовиот модел сепак дава сериозност. Што ќе се случи понатаму по отвореното писмо на Заев за обединување кое наликува на Груевски финална борба

-Големите фронтмени во СДСМ се променети, а сегашните кадри се уште не профункционирале во партискиот систем. Заев и самиот вели дека составот се млади бизнисмени. Немаат политиколози кои би направиле анализа.

Гледаме и разочараност кај луѓето од културата, која СДСМ секогаш некако ја третирале како нужно зло.

-Без култура тешко се отвораат некои врати. Ако немаме таков пристап кон културата немаме обединување.

-Вчера излезе од ЕК извештајот и вели дека има интерресорски проблеми во владата. Поради ковидот веројатно не се преземени методи за воведување интеркултурализам што е предуслов за едно демократско општество. Тука ќе треба да работиме повеќе иако добивме пофалби за оваа прва платформа за мултикултурализам. Сите резултатите ги гледаат во оние 60 општини кои се македонски, а никој не се прашува ни јавноста ја интересира на пример што во две општини немаме ни излезност да се постигне цензусот. Според мене секој граѓанин треба да биде еднаков во пристапот на медиумите.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen − ten =