ЗЕЛС: Потребно е да се зголемат надлежностите и финансиите на општините

You must need to login..!

Опис

Се подготвува нов Закон за децентрализација на општините во Македонија, кој се најмногу се однесува на фискалната децентрализација. Директорката на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) Душица Перишиќ денеска во Утрински брифинг зборуваше за можноста да се зголемат надлежностите но и финансиите со кои ќе располагаат општините, а се со една цел, подобрување на услугите кои им ги даваат на граѓаните.

-Не можам да кажам што ќе опфати новиот Закон за децентрализација, но можам да кажам кое е барањето од ЗЕЛС. Владата формираше работна група која го осмисли целиот процес на децентрализација каде освен владините претставници има и тројца претставници од ЗЕЛС. Се разговара за можноста за покачување на дел од приходите кои се споделени со централната власт како ДДВто и персоналниот данок, но тоа ќе почне од 2020 година. Но, морам да појаснам дека ЗЕЛС не бара пари, туку да се децентрализираат надлежностите и да бидат соодветно „покриени“ со пари. А  со тоа граѓаните ќе добијат подобри и побрзи услуги, вели Перишиќ.

Таа објаснува дека нема сите општини да добијат бланко пари, туку врз основа на проценка како тие се справуваат со сопствените пари. -Ние веќе четири години и предлагаме на Централната власт да се воведе електронски систем за наплата на даноци на имот каде што ќе биде анулиран административниот дел туку директно ќе се оди на блокади на сметки, опомени и наплата на сметки. Се уште не гледам дека има интерес за реализација на овој проект кој ќе биде од големо олеснување за наплата на даноците. Исто така важно е да се каже дека ЕУ ќе донира 5 милиони евра на општините кои ќе аплицираат со подготвени проекти. Претставник од ЕУ неодамна ме информираше дека рокот за апликацирање завршил, а има пристигнато голем број интересни проекти, за кои парите ќе бидат исплатени најверојатно во август, информира Перишиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 + 1 =