Зеле: „Криво је море“ и „Једина моја“ се дел од општата култура

You must need to login..!

Опис

Овој албум „Џубокс“ е различен од сите останати. Македонците прилично се запознаени со моите песни. Јас сакав сите овие 40 години, песни, спомени , она што публиката го сака, да го ставам на едно место.

Тогаш се сетив на „Џубокс“. Тоа е една метафора на се што се случи во минатото. 40 години звучи многу за еден бенд. Ако некој ми речеше дека Дивље Јагоде ќе траат 10 години, јас ќе помислев дека е луд.

И свесен сум и не сум, за тоа колку гитаристи своите први акорди ги имаат направено со „Криво је море“.

Кога ги посетувам Скопје, Загреб, Сараево, Белград, па и пошироко ми приоѓаат и ми велат – јас се заљубив на Криво је море, се разведов со некоја друга песна.

Мислам дека „Криво је море“ и „Једина моја“ се општа култура, изјави за Утрински брифинг основачот на Дивље Јагоде, Сеад Липовача – Зеле.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + 17 =