Зекир: Визијата на РЕДИ е креирање на социјално претпријатие кое што ќе биде раководено од собирачите на секундарни суровини

You must need to login..!

Опис

Од 1 декември стартува забраната за користење пластичните кеси за еднократна употреба, а биоразградливите кеси ќе се плаќаат по 15 денари… Од први декември за првпат се воведува и забрана за еднократна употреба на пластично пакување во заштитените подрачја. Премиерот Зоран Заев и Министерот за животна средина Насер Нуредини посочија дека со овие закони се прави усогласување со европското законодавство. Законската рамка и Националниот план за управување со отпад 2021-2031 детално го уредуваат собирањето, транспортот, селектирањето, рециклирањето на отпадот, како и неговиот третман и искористување, со што ќе се овозможи создавање на ефикасен регионален систем за управување со отпад.

А кога сме веќе кај рециклирањето отпад деновиве беше најавено отпочнувањето со работа на новото Социјално претпријатие РЕДИ – Рециклажа чија основна цел е преку селектирање отпад да се подобри животниот стандард и работа на неформалните собирачи на отпад, а со тоа паралелно да се подобри и состојбата на животната средина во државата. Претпријатието има лиценца за собирање и транспорт на неопасен отпад, издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање.

За што всушност станува збор и за сите информации кои се неопходни за вклучување на граѓаните во оваа иницијатива гостин во Утрински брифинг беше Асиб Зекир управител на ова социјално претпријатие.

-Ние сме социјално претпријатија кое има за цел да ги организира и формализира индивидуалните собирачи на отпад преку воспоставување на систем за примарна селекција на отпад во станбените објекти и компании, вели Зекир.

-Всушност и самиот повик за мапирање на станбените згради и компании е дел од нашата визија – визијата на РЕДИ е креирање на социјално претпријатие кое што ќе биде раководено од собирачите на секундарни суровини, додава Зекир.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 − three =