Здружение љубезност: Кризата беше поттик за повеќе да помагаме

You must need to login..!

Опис

Во текот на месец октомври на повеќе локации во Скопје беа поставени пунктови за собирање храна, во организација на здружението Љубезност. Коронакризата, губењето на работните места и несигурноста која со себе ја донесе истата значително влијаеше врз луѓето, и може да се каже дека е намален бројот на донации, а за сметка на тоа пак, зголемен е бројот на луѓе кои од нас бараат помош. Се трудиме на сите на им излеземе во пресрет, рече денеска во Утрински брифинг Тони Станковски.

Ако се земе во предвид целокупната активност можам да кажам дека граѓаните се хумани и дека сакаат да донираат. Ние како здружение имаме список на крајни корисници на кои им помагаме, согласно можностите што ги имаме. Колку што можеме нудиме помош и на нови корисници, сведоци сме дека секојдневно наши сограѓани остануваат без работа. Од март месец до сега видовме различни ситуации, дури имаше и такви во кои донатори кои редовно ни помагаа купувајќи намирници, од нас побараа помош бидејќи останале без работа, рече Тони. Здружението „Љубезност“ помага и при плаќање на заостанатите сметки, но вдомува и бездомници.

-Ние немаме толку средства за да им ги плаќаме сметките, но претставуваме врска преку која ги поврзуваме граѓаните со потенцијалните донатори. Направивме платформа на која работиме заедно со Ways to help. Исто така во изминативе 15 дена вдомивме тројца бездомници и една самохрана мајка. Неминовна е соработката со останатите здруженија, за да овозможиме што е можно повеќе помош за граѓѓаните. Ги повикуваме фирмите и индивидуалците кои имаат можности да се вклучат во вдомувањето бидејќи под ведро небо има уште многу наши сограѓани кои чекаат наша помош, вели Станковски. Тој нагласува дека пандемијата не гo спречува да бидат на терен и да стигнат до домовите на сите на коимошта им е неопходна.

Здружението Љубезност е постојано на терен уште од првиот ден на пандемијата. Без разлика на полицискиот час и карантинот нашето движење продолжи затоа што во вакви услови на социјално загрозените и бездомните помошта им е уште повеќе неопходна. Системот на работа ни е таков, што не доаѓаат тие во нашиот магацински простор за да земат храна, туку ние ги посетуваме во нивните домови и привремени живеалишта. Соосдветно на потребите што се детектираат, им нудиме наша помош, рече Станковски. Тој нагласи дека покрај хуманитарната помош им помагаат и при вадење на документи, посредување при вработување. -Целта ни е да им помогнеме да застанат на свои нозе и да почнат да заработуваат за себе и за своето семејство, не ни е целта цел живот да им даваме хуманитарна помош, нагласуваат од „Љубезност“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − 7 =