Здравковиќ: Кога некој говорник тргнува со својот говор треба да знае со каква публика и слушатели се соочува

image

You must need to login..!

Опис

Имаме млади кадри кои се подготвени своите идеји да ги изнесат во јавност. Одредени луѓе кои што се одомаќени во медиумскиот простор, не дозволуваат тие млади луѓе кои поседуваат и и идеји и оратоски вештини да можат да се пробијат.

Кога некој говорник тргнува со одреден говор треба да знае со каква публика и слушатели се соочува, кои се нивните проблеми и што ги мачи. Кај нас политичарите имаа установен говор без разлика на кого се обраќаат.

Не е прашање на реторика, туку прашање на лична култура. Политичарите мора да сфатат дека новинарите се глас на народотот, токму од кои и они се избрани.

Обуките кои се оддржуваат во Македонија 90% потекнуваат од поранешни членови на ораторскиот клуб.

Клубот на оратори продолжува да врши обуки и по институции и по средни училишта. Целта ни е од старт да ги обучиме идните говорници, изјави за Утрински брифинг, Никола Здравковиќ, клуб на оратори.

Помалку од 30% потпаѓа на она што ќе го кажете вербално, додека останатите 70% потпаѓаат на говорот на телото. Затоа публиката знае да процени кој лаже, додава Здравковиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − 5 =