Зголем интересот за осигурување лекување во приватно здравство – зелениот картон за возилата треба да поевтини

You must need to login..!

Опис

Морам да изразам задоволство со фактот што после ковид кризата, осигурителниот сектор излегува стабилен и со податоците од првиот квартал од оваа година имаме регистрирано раст од 5% на брутополисираната премија што е добар индикатор. Можам да констатирам дека осигурителната индустрија излезе неповредена или малку оштетена од оваа ковид криза, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Вкупниот бизнис е некаде околу 170 милиони евра. Јас се радувам што 2020 во одонс на 2021 ја завршивме во пад од само 5%, но во првиот квартал имаме раст од 5% и овој тренд се зголемува. Она што ме радува е што се зголемуваат сегменти од осигурувањето кои не се во сегментот на задолжително осигурување, како што е имото, финасиските ризици, здравственото осигурување – производи кои мислам дека во 2021 според процентот на раст ќе ги држат првите позиции во своите класи, вели Шајноски.

-Здравственото осигурување е осигурување кое и минатата година беше водечко според процентот на раст на осигурувањата и оваа година во првиот квартал расте со околу 9.5%. Се работи за осигурување во кое мислам дека сите учесници се во вин вин позиција – добива државата, осигуреникот, здравствениот систем. Дополнителното здравствено осигурување во суштина претставува издвојување на дел од средствата на луѓето со малку повеќе капитал, а притоа да не биде оштетен државниот здравствен систем. Значи средствата кои се слеваат во државниот здравствен систем остануваат на исто ниво, додека луѓето кои го поседуват ова дополнителнои здравствено осигурување обезбедуваат поквалитетна здравствена услуга во приватните здравствени институции. На овој начин ги развиваме приватните здравствени институции, се појавува интерес за нови, луѓето добиваат поголем квалитет, државниот здравствен фонд не се оштетува и од друга страна што е многу битно се растеретува притисокот врз државното здравство, вели Шајновски.

Целиот разговор проф. д-р Крсте Шајноски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − 12 =